1
Ефесјаните 6:12
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.
Спореди
Истражи Ефесјаните 6:12
2
Ефесјаните 6:18
Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.
Истражи Ефесјаните 6:18
3
Ефесјаните 6:11
Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот.
Истражи Ефесјаните 6:11
4
Ефесјаните 6:13
Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.
Истражи Ефесјаните 6:13
5
Ефесјаните 6:16-17
Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот. Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјото Слово.
Истражи Ефесјаните 6:16-17
6
Ефесјаните 6:14-15
Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста, обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир.
Истражи Ефесјаните 6:14-15
7
Ефесјаните 6:10
На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ.
Истражи Ефесјаните 6:10
8
Ефесјаните 6:2-3
Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка.“ А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на Земјата.“
Истражи Ефесјаните 6:2-3
9
Ефесјаните 6:1
Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ. Тоа е примерно поведение.
Истражи Ефесјаните 6:1
Дома
Библија
Планови
Видеа