1
Евреите 5:14
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Тврдата храна е за зрелите, за оние што со постојана практика го имаат извежбано чувството да го разликуваат правилното од погрешното, и го извршуваат правилното.
Спореди
Истражи Евреите 5:14
2
Евреите 5:12-13
Веќе долго време сте христијани и досега требаше вие да подучувате други луѓе. Наместо тоа се уште некој треба вас да ве учи на првите лекции од Божјата порака. Уште сте како бебиња што можат да пијат само млеко и не можат да јадат тврда храна. А тој што се храни само со млеко, во духовниот живот, се уште е дете и не умее да постапува праведно.
Истражи Евреите 5:12-13
3
Евреите 5:8-9
Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен. На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни.
Истражи Евреите 5:8-9
4
Евреите 5:7
За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог.
Истражи Евреите 5:7
Дома
Библија
Планови
Видеа