1
Јаков 3:17
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Небесната мудрост не прави чисти, мирољубиви, внимателни, чувствителни, да ги сакаме луѓето и да им помагаме, да бидеме непристрасни и нелицемерни.
Спореди
Истражи Јаков 3:17
2
Јаков 3:13
Има ли меѓу вас мудри и разумни луѓе? Ако има, покажете ја вашата мудрост и разумност со примерен живот, со постапки што ќе се одликуваат со скромност и ќе бидат направени мудро.
Истражи Јаков 3:13
3
Јаков 3:18
А миротворците ќе го сеат семето на мирот, и ќе жнеат плодови на праведност.
Истражи Јаков 3:18
4
Јаков 3:16
Кога луѓето се завидливи и себични, создаваат безредие и секакви зли дела.
Истражи Јаков 3:16
5
Јаков 3:9-10
Со јазикот Го величаме нашиот Господ и Татко, а со истиот тој јазик ги колнеме луѓето коишто се создадени според Божјо подобие. Од иста уста излегуваат и благослови и клетви. Треба ли, драги мои, така да биде!?
Истражи Јаков 3:9-10
6
Јаков 3:6
Јазикот е оган, најопасен од сите наши органи. Во состојба е целото тело да го опогани. Јазикот може целиот наш живот да го запали, бидејќи се пали од самиот пекол.
Истражи Јаков 3:6
7
Јаков 3:8
но јазикот, ниеден човек не може да го припитоми. Тој е необуздано зло, полн е со смртоносен отров.
Истражи Јаков 3:8
8
Јаков 3:1
Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата. Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе.
Истражи Јаков 3:1
Дома
Библија
Планови
Видеа