1
Лука 6:38
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Давајте и ќе ви биде давано со преполна мера, набиена, протресена, истурена во вашите скутови! Зашто со каква мера им мерите на другите, со таква и вам ќе ви биде мерено.“
Спореди
Истражи Лука 6:38
2
Лука 6:45
Од благороден човек произлегуваат благородни работи што се напластени во неговото срце, а од лош човек произлегуваат лоши работи што се напластени во неговото срце. Секоја уста го зборува она што е напластено во срцето.“
Истражи Лука 6:45
3
Лука 6:35
Но вие, покажувајте љубов спрема своите непријатели, правете добро и давајте без да очекувате да ви се врати! Само така ќе добиете голема награда и ќе се однесувате како деца на Севишниот, зашто Тој им прави добро и на неблагодарните и на лошите.
Истражи Лука 6:35
4
Лука 6:36
Бидете милосрдни, како што е милосрден вашиот небесен Татко.“
Истражи Лука 6:36
5
Лука 6:37
„Не судете и нема да ви биде судено! Не осудувајте, и нема да бидете осудувани! Простувајте и ќе ви биде простено!
Истражи Лука 6:37
6
Лука 6:27-28
„Но вам, што Ме слушате, ви велам: покажувајте љубов спрема своите непријатели! Правете им добро на оние што ве мразат! Благословувајте ги оние што ве проколнуваат! Молете се за оние што ве навредуваат.
Истражи Лука 6:27-28
7
Лука 6:31
Постапувајте со луѓето онака, како што сакате тие да постапуваат со вас!
Истражи Лука 6:31
8
Лука 6:29-30
На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот! На оној што сака да ти го земе палтото, дај му ја и кошулата! На оној што бара нешто од тебе - дај му. Од оној што зел нешто твое - не барај да ти го врати!
Истражи Лука 6:29-30
9
Лука 6:43
„Нема питомо дрво што раѓа диви плодови, ниту диво дрво што раѓа питоми плодови.
Истражи Лука 6:43
10
Лука 6:44
Секое дрво се познава според своите плодови. Не се берат смокви од трн, ниту грозје од чичка.
Истражи Лука 6:44
Дома
Библија
Планови
Видеа