1
Филипјаните 4:6
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.
Спореди
Истражи Филипјаните 4:6
2
Филипјаните 4:7
Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.
Истражи Филипјаните 4:7
3
Филипјаните 4:8
За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето.
Истражи Филипјаните 4:8
4
Филипјаните 4:13
Со силата што Христос ми ја дава можам да издржам секакви услови.
Истражи Филипјаните 4:13
5
Филипјаните 4:4
Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!
Истражи Филипјаните 4:4
6
Филипјаните 4:19
Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.
Истражи Филипјаните 4:19
7
Филипјаните 4:9
Применете го во практика она што го научивте и добивте од мене, било слушајќи ме што зборувам, било гледајќи ме како постапувам, па Бог, Кој е извор на мир, ќе биде со вас.
Истражи Филипјаните 4:9
8
Филипјаните 4:5
Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде.
Истражи Филипјаните 4:5
9
Филипјаните 4:12
Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку.
Истражи Филипјаните 4:12
10
Филипјаните 4:11
Не го кажувам ова затоа што бев во беда. Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам.
Истражи Филипјаните 4:11
Дома
Библија
Планови
Видеа