1
Откровение 8:1
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Кога Јагнето го отвори седмиот печат, на небото настапи полчасовен молк.
Спореди
Истражи Откровение 8:1
2
Откровение 8:7
Првиот ангел затруби и врз Земјата се истурија град и оган, измешани со крв! Од нив се запали една третина од Земјата и изгоре една третина од дрвјата и сето зеленило.
Истражи Откровение 8:7
3
Откровение 8:13
Во моето видение тогаш забележав еден орел како лета високо сред небото. Орелот громогласно извикуваше: „Тешко, тешко, тешко на жителите на Земјата од трубењето на следните тројца ангели!“
Истражи Откровение 8:13
4
Откровение 8:8
Вториот ангел затруби и нешто како пламната гора беше фрлено во морето. Од тоа, една третина од морето се претвори во крв
Истражи Откровение 8:8
5
Откровение 8:10-11
Третиот ангел затруби и од небото падна една голема ѕвезда. Таа гореше како факел и падна врз една третина од реките и изворите. Ѕвездата беше наречена Пелин и од неа стана горчлива една третина од водата за пиење. Голем број луѓе изумреа од горчливата вода.
Истражи Откровение 8:10-11
6
Откровение 8:12
Четвртиот ангел затруби и една третина од Сонцето, една третина од Месечината и една третина од ѕвездите беа погодени и сите тие загубија по една третина од својата светлина. Така и една третина од денот и една третина од ноќта останаа без светлина.
Истражи Откровение 8:12