1
Римјаните 14:17-18
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Зашто, жителството во Божјото царство не е условено од она што човек го јаде и пие, туку од тоа дали живее праведен живот и дали ги има мирот и радоста што ги дава Светиот Дух. Ако Му служите на Христос со таков дух, ќе му бидете по волја на Бог, а и луѓето ќе ве почитуваат.
Спореди
Истражи Римјаните 14:17-18
2
Римјаните 14:8
Додека сме живи, живееме за Господ. Кога умираме, умираме за да Му се придружиме на Господ. Живи или мртви, ние Му припаѓаме на Господ.
Истражи Римјаните 14:8
3
Римјаните 14:19
Затоа, да се стремиме кон она што внесува мир меѓу христијаните и заемно не изградува.
Истражи Римјаните 14:19
4
Римјаните 14:13
Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други! Да се трудиме да не им поставуваме сопки и стапици на другите христијани.
Истражи Римјаните 14:13
5
Римјаните 14:11-12
Во Светото Писмо, Господ вели: „Во Себе се колнам, бидејќи Сум вечно жив, дека секое колено пред Мене ќе клекне, секој јазик на Бог ќе Му се исповеда!“ Значи, секој од нас, лично за себе ќе полага сметка пред Бог. Слобода, но и одговорен однос
Истражи Римјаните 14:11-12
6
Римјаните 14:1
Прифатете ги оние христијани кои имаат послаба вера, без да ги осудувате за тоа што по одредени прашања имаат поинакво мислење од вас.
Истражи Римјаните 14:1
7
Римјаните 14:4
Со кое право осудуваш туѓ слуга!? Единствено неговиот Господар има право да го прифати или да го отфрли. Не грижете се, Господ ќе ги зачува од сериозни грешки. Тој е способен да ги одржи на здрави нозе.
Истражи Римјаните 14:4
Дома
Библија
Планови
Видеа