Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 1

1
Предговор
1 # Лк 1,1.3; 24,19 Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот, 2#Лк 24,51па сѐ до денот кога се вознесе, от­ка­ко преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал. 3#10,40-41; 13,31Ним по Своето страдање им се прет­ста­ви жив, со многу верни докази, јавувај­ќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. 4#Лк 24,42-43; 24,49Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: 5#11,16; Лк 3,16Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крс­те­ни со Светиот Дух.“
Исус се вознесува на небото
6А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го вос­тановиш, Господи, царството Из­ра­иле­во?“ 7И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Оте­цот ги поставил во Своја власт; 8но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете све­до­ци во Ерусалим и во цела Јудеја и Са­марија, и сѐ до крајот на земјата.“ 9#Лк 24,50-51И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го под­зе­де од пред очите нивни. 10#Лк 24,4-6И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, 11#Лк 22,69и рекоа: „Луѓе Галилејци, што сто­ите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видов­те да оди на небото.“
Избран нов апостол на местото на Јуда
12Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова#1,12 Елеон., која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење#1,12 Околу 2 километри.. 13#Мт 10,2-4И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. 14#4,32; Мт 18,19; Лк 8,19Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови. 15И во тие дни Петар стана меѓу бра­ќата, а беа се собрале околу сто и дваесет души и рече: 16„Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претска­жал Светиот Дух преку устата Да­ви­до­ва за Јуда, водачот на оние што Го фа­тија Исуса, 17#Лк 22,47зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба; 18#Мт 27,3-10но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба. 19#Мт 27,8И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи ‚крвна нива‘. 20#Пс 68,25; Пс 108,8Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘ 21И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус, 22почнувајќи од крштевањето Јо­ва­ново па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“ 23И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј; 24#15,8потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на си­те, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, 25#6,4за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“ 26И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.

Селектирано:

Дела 1: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се