Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 16

16
1Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некој си ученик, по име Тимотеј, син на Ју­деј­ка, која ја прифати верата, и на татко Елин; 2тој ученик беше на добар глас меѓу браќата во Листра и Иконија. 3#1 Кор 9,20.21Павле посака да го земе со себе. Затоа откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин. 4#15,23-29; 21,25И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на од­редбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим. 5#Кол 2,5; 1 Птр 5,9И така, црквите се утврдуваа во ве­ра­та, а и по број се зголемуваа секој ден.
Павле повикан во Македонија
6 # 18,23 Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто ним не им бе­ше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија. 7#1 Птр 1,11А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти. 8И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада. 9#18,9Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Ма­ке­до­нец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“ 10По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфа­тив­ме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.
Крштевањето на Лидија од Македонија
11И така, откако отпловивме од Тро­ада, стигнавме право во Самотраки, а утредента – во Неапол, 12и оттаму во Филипи. Тој е главен град во тој дел на Македонија и римска колонија. Во тој град престојувавме не­колку дена. 13А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени. 14И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. 15#11,14; 16,31; Лк 24,29А кога беше крстена таа и нејзини­те домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.
Во затворот на Филипи
16 # 19,24 Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на господарите свои им донесуваше големи приходи од гатањето. 17#Мк 1,24И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.“ 18#3,16Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во име­то на Исус Христос излези од неа!“ И излезе во истиот час. 19Штом видоа господарите нејзини дека пропадна надежта за нивното бо­га­тење, ги фатија Павле и Сила, и ги дов­лечкаа на плоштадот кај началниците. 20И кога ги приведоа пред управ­ни­ци­те, рекоа: „Овие луѓе, што се Јудејци, го бунтуваат нашиот град 21и проповедаат обичаи што нам, ка­ко Римјани, не ни доликува ни да ги примаме, ниту да ги извршуваме.“ 22#2 Кор 11,25Тогаш се нафрли на нив народот; а управниците, штом им ги раскинаа алиштата, започнаа да ги тепаат со стапови; 23и, откако ги испотепаа многу, ги фрлија в затвор, а на затворскиот стра­жар му наредија да ги чува добро. 24А стражарот, штом прими таква за­повед, ги фрли во повнатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада. 25#Кол 3,16На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворени­ци­те ги слушаа. 26#4,31Одеднаш настана голем потрес, та­ка што и темелите на затворот се по­местија, и веднаш се отворија сите вра­ти и оковите на сите отпаднаа. 27А стражарот на затворот, кога дој­де при свест и ги виде вратите на зат­во­рот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека зат­во­ре­ни­ци­те избегале. 28Но Павле викна со силен глас и ре­че: „Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!“ 29А тој побара светло, истрча и рас­тре­перен падна пред Павле и Сила; 30#2,37па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?“ 31#4,12; 11,14; 16,31А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“ 32И му го проповедаа словото Гос­по­дово нему и на сите што беа со него во куќата негова. 33#8,36.38Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа вед­наш беше крстен тој самиот и сите не­гови домашни. 34Тогаш ги одведе горе во својата ку­ќа, постави трпеза и се зарадува со це­лиот свој дом, зашто поверува во Бога. 35А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“ 36Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Градските судии пра­тија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!“ 37#22,25; 23,27Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ биеја пред на­ро­дот без суд и нѐ фрлија в затвор, са­каат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“ 38#22,29Градските служители им го кажаа тоа на градските судии; а тие се упла­шија, кога слушнаа дека се тие римски граѓани. 39И дојдоа, па се извинија пред нив, ги изведоа и ги замолија да излезат од гра­дот. 40#14,22; 20,1-2А тие, штом излегоа од затворот, отидоа во домот на Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си тргнаа.

Селектирано:

Дела 16: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се