Дела 18
18
Основање на црквата во Коринт
1Потоа Павле ја напушти Атина и дојде во Коринт. 2Тука сретна еден Јудеец, по име Акила, родум од Понт, кој неодамна дошол од Италија со жена си Прискила, зашто Клавдиј нареди сите Јудејци да го напуштат Рим. Тој дојде кај нив. 3#20,34; 2 Кор 11,7-12; 2 Сол 3,8И бидејќи го имаше истиот занает, остана кај нив и работеше. А занаетот им беше да прават шатори. 4#13,14; 19,8И секоја сабота тој зборуваше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Елините. 5#9,20; 26,23А кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле беше поттикнат да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос. 6#13,46.51; 28,28; Лк 9,5; 10,10-11Но, бидејќи тие се противеа и хулеа, тој ги истресе алиштата и им рече: „Крвта ваша – на главите ваши! Јас сум чист. Отсега одам кај незнабошците.“ 7И штом замина оттаму, дојде слугата на некој си човек по име Титиј Јуст, кој Го почитуваше Бога, и чија куќа беше до синагогата. 8#1 Кор 1,14А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи го Павле, поверуваа и беа крстени. 9#Ис 41,10; Ер 1,8И му рече Господ на Павле во видение ноќе: „Не плаши се, туку продолжи да зборуваш и не замолкнувај, 10#Јн 10,16; 1 Кор 16,9зашто Јас сум со тебе, и никој не ќе посегне да ти направи зло, бидејќи имам многу народ во овој град.“ 11#19,10Тој остана таму една година и шест месеци и ги поучуваше во словото Божјо.
Павле повикан пред намесникот Галион
12А кога Галион беше намесник во Ахаја, Јудејците еднодушно го нападнаа Павле и го одведоа на суд, 13велејќи: тој ги учи луѓето да Го почитуваат Бога спротивно на Законот. 14И кога Павле сакаше да одговори, Галион им рече на Јудејците: „Јудејци, ако имаше некоја неправда или зло дело, лукаво, веднаш ќе ве ислушав по должност; 15#23,29; 25,18-19; Јн 18,31но, штом е препирката за учење и за имиња, и за вашиот Закон, разгледајте сами, зашто јас не сакам да бидам судија во тие работи.“ 16И ги истера од судот. 17#1 Кор 1,1Тогаш сите Елини го фатија Состен, началникот на синагогата, и го биеја пред судот, а Галион и не обрнуваше внимание на тоа.
Павле се враќа во Антиохија
18Откако помина таму уште многу време, Павле се прости со браќата и отплови за Сирија заедно со Акила и Прискила, откако ја острига главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет. 19#17,17; 18,4; 19,8Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците. 20А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи, 21#Рим 1,10; 15,32туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. И Акила и Прискила останаа таму. 22Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и потоа замина за Антиохија. 23#16,5-6Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.
Аполос во Ефес и Коринт
24И дојде во Ефес некој си Јудеец, по име Аполос, родум од Александрија. Тој беше красноречив човек, упатен во Писмата. 25#19,3; Рим 12,11Беше поучен во патот Господов и со распламнат дух, зборуваше и поучуваше правилно за Господ, иако знаеше само за Јовановото крштение. 26Тој почна да зборува смело во синагогата. Кога го слушнаа Акила и Прискила, го примија кај нив и му го изложија патот Господов поточно. 27#Кол 4,10А кога тој сакаше да замине за Ахаја, браќата се обратија со писмо до тамошните ученици, за да го примат; и тој кога стигна таму, многу им помогна на верниците преку благодатта, 28#9,20; 17,3; 18,5 бидејќи силно ги побиваше Јудејците пред целиот народ, докажувајќи преку Писмата дека Исус е Христос.
Селектирано:
Дела 18: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: