Дела 22
22
1„Мажи браќа и татковци! Послушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“ 2А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече: 3#1 Лет 28,9; Гал 1,14; Фил 3,6„Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град кај нозете Гамалиилови, поучен точно според Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и вие сите денес. 4#8,3; 9,1-2; 1 Кор 15,9; Гал 1,13.23До смрт ги гонев јас приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени. 5#26,9-11За тоа може да посведочи првосвештеникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата и одев во Дамаск, да ги доведам во Ерусалим и оние кои беа таму врзани, за да бидат казнети.
Павле раскажува за своето обраќање
(Дела 9,1-19; 26,12-18)
6Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од небото ме осветли силна светлина. 7Јас паднав наземи и слушнав глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘ 8#2,22Јас, пак, одговорив: ‚Кој си ти, Господи?‘ А Тој ми рече: ‚Јас сум Исус од Назарет, Кого ти Го гониш.‘ 9Оние, кои беа со мене, ја видоа светлината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа. 10Тогаш реков: ‚Што да правам, Господи?‘, А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е одредено да правиш.‘ 11И бидејќи од болскотот на таа светлина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск. 12А некој си Ананија, маж благочестив според Законот, со добро име меѓу сите Јудејци во Дамаск, 13дојде кај мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледнав кон него. 14#3,14; 7,52; Гал 1,15 Тој ми рече: ‚Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од устата Негова, 15зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и слушнал. 16И сега, зошто се задржуваш? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘
Павле раскажува како бил испратен кај оние кои не се Јудејци
17А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес, 18Го видов како ми вели: ‚Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Мене!‘ 19Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе; 20#7,58и кога се проливаше крвта на Стефан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘ 21#Ер 1,5И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам далеку – кај незнабошците.‘“
Павле и римскиот заповедник
22 #
21,36; 25,24 И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и почнаа да викаат: „Тргни го од земјата таков! Тој не треба да живее!“ 23И бидејќи тие вревеа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот, 24заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него. 25#16,37Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски граѓанин, и тоа без пресуда?“ 26Кога го слушна тоа стотникот, отиде да го извести заповедникот, па му рече: „Што мислиш да правиш? Овој човек е римски граѓанин!“ 27Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски граѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“ 28А заповедникот рече: „Тоа граѓанско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“ 29И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповедникот, кога дозна дека е тој римски граѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.
Павле пред врховниот суд
30На вториот ден, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и заповеда да дојдат првосвештениците и целиот нивен Синедрион, па го доведе долу Павле и го исправи пред нив.
Селектирано:
Дела 22: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: