Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Битие 14

14
Аврам, царевите и Мелхиседек
1Кога Амрафел беше шинарски цар, еласарски цар Арјох, еламски цар Кедорлаомер и гоимски цар Тидал, 2сите тие цареви започнаа војна против содомскиот цар Бера, против царот на Гомора Бирша, против царот на Адма Шинав, цевоимскот цар Шемевер и со царот на Бела, односно Сигор. 3Сите тие се собраа во долината Си­дим, која сега е Солено Море. 4Дванаесет години му служеа на Кедорлаомер, а во тринаесеттата се по­бунија. 5#2 Мојс 17,8; 5 Мојс 2,10Во четиринаесеттата дојде Кедор­лаомер и царевите, кои беа со него, па ги поразија Рефаимците во Аште­рот-Карнајим, Зузимците во Хам, Емим­ци­те во Шаве-Кирјатаим, 6Хоријците во гората нивна Сеир, дури до рамнината Фаран, што е крај пустината. 7А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мишпат, односно Кадис, и ја опустошија целата област амаликиска, како и Аморејците, кои живееја во Ха­цацон-Тамар. 8Тогаш излегоа царот содомски и ца­рот на Гомора, царот на Адма, царот цевоимски и царот од Бела, односно Сигор, и појдоа во борба против оние во долината Сидим: 9против Кедорлаомер, царот еламски, и Тидал, царот гоимски, и Амрафел, царот шинарски, и Арјох, царот еласар­ски; четири цара против пет. 10Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше асфалт. И побегнаа царот содомски и царот на Гомора, и паднаа во нив; а другите избегаа во планините. 11Победниците го зедоа сиот имот на Содом и Гомора и сета храна нивна, па си отидоа. 12Го зедоа и Лот, братанецот Авра­мов, кој живееше во Содом, и имотот негов, и си отидоа. 13А еден од оние, што се беа избави­ле, дојде и му јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше кај светите дрвја. Мамре, Амореецот, со браќата Ешкол и Анер беа Аврамови сојузници. 14А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа, и тргнаа во потера до Дан. 15Тука ги распореди своите слуги и удри на нив ноќе, и ги разби, и ги гоне­ше до Хова, кој е северно од Дамаск. 16И го поврати сиот имот и Лот, бра­танецот свој, со имотот негов, и жените и народот. 17А царот содомски му излезе во пресрет, кога се враќаше, откако го раз­би Кедорлаомер и царевите, што беа со него, во долината Шаве, која е сега До­лина на царевите. 18#Пс 109,4; Евр 7,1И Мелхиседек, царот шалемски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог, 19па го благослови, велејќи: „Благо­словен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата! 20#28,22Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!“ И му даде (Аврам) десетти дел од сѐ. 21А содомскиот цар му рече на Ав­рам: „Дај ми ги мене луѓето, а имотот земи си го за себе!“ 22Но Аврам му рече на царот содомски: „Ја кревам раката своја кон Севиш­ниот Господ Бог, Создател на небото и на земјата, 23дека ни конец, ниту, пак, ремен од обувки, нема да земам од сѐ она, што е твое, да не речеш – јас го збогатив Аврам, 24освен, она што изедоа момците, и освен делот на луѓето што одеа со мене: Анер, Ешкол и Мамре; тие нека го земат својот дел.“

Селектирано:

Битие 14: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се