Битие 23
23
Авраам купува гроб за Сара
1Сара поживеа сто дваесет и седум години; тоа се годините на Сариниот живот. 2И умре Сара во градот Кирјат-Арба, (кој е во долината) а тоа е Хеврон, во земјата хананска. И дојде Авраам да ја изжали и да ја исплаче. 3А кога се оддели Авраам од покојницата своја, им рече на синовите Хетеови, велејќи: 4#Евр 11,13„Странец сум и придојден кај вас; дајте ми да имам гроб кај вас, за да ја погребам покојницата своја.“ 5А синовите Хетеови му одговорија на Авраам, велејќи: 6„Чуј нѐ, господаре наш; ти си кнез Божји меѓу нас; погреби ја покојницата своја во најдоброто од нашите места за погреб; никој меѓу нас нема да ти одбие погребно место за да можеш да ја погребеш покојницата своја таму!“ 7Тогаш стана Авраам и му се поклони на народот од земјата на синовите Хетеови, 8и им рече (Авраам), велејќи: „Ако сакате да ја погребам покојницата своја, послушајте ме – речете му за мене на Ефрон, синот Цохаров. 9#2 Цар 24,24Нека ми ја даде пештерата Махпела, која е на крајот од нивата негова; за пари нека ми ја даде, колку што чини, за да имам гробница меѓу вас!“ 10А Ефрон седеше меѓу синовите Хетеови. И му одговори Ефрон Хитиецот на Авраам, пред синовите Хетеови, и тоа гласно, да чујат сите, кои влегуваа низ градските порти, велејќи: 11„Не, господаре; послушај ме: нивата, и пештерата во неа, ти ја давам; пред синовите на народот мој ти ја подарувам, погреби ја покојницата твоја.“ 12А Авраам му се поклони на народот од таа земја, 13и му рече на Ефрон гласно, пред сиот народ, велејќи: „Ако сакаш, почуј ме: ќе ти дадам колку што чини нивата, земи од мене, па тогаш ќе ја погребам покојницата своја таму.“ 14А Ефрон му одговори на Авраам и рече: 15#Ер 32,9„Господаре мој, чуј ме; земјата чини четиристотини шекели сребро; што е тоа за мене и за тебе? Затоа погреби ја покојницата твоја!“ 16И Авраам, откако го ислуша Ефрон, му го измери среброто, што го кажа тој пред синовите Хетеови, четиристотини шекели сребро, како што врвеше тогаш меѓу трговците. 17И кај нивата Ефронова кај Махпела спроти Мамре, нивата и пештерата што е во неа и сите дрвја во нивата и во нејзините предели наоколу, 18станаа сопственост на Авраам пред синовите Хетеови, пред сите кои влегуваа во тој град. 19Потоа ја погреба Авраам Сара, жената своја, во пештерата Махпела на нивата спроти Мамре; а тоа е Хеврон, во земјата хананска. 20Така Авраам ја придоби од синовите Хетеови нивата и пештерата во неа, за да има сопствена гробница.
Селектирано:
Битие 23: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006