Јован 13
13
Последната вечера. Исус им ги мие нозете на учениците
1 #
2,4; 15,9.13; 16,28; Мк 14,41; Рим 5,8; 8,35; Ефес 3,19 А пред празникот Пасха, знаејќи Исус дека Му дојде часот за да премине од овој свет кај Отецот, и бидејќи ги засака Своите во светот, до крај ги засака. 2#13,27; Мт 26,20; Мк 14,10.17-18; Лк 22,3.14И на вечерата, кога ѓаволот беше вметнал во срцето на Јуда Симонов Искариотски за да Го предаде, 3#1,1; 3,35; 16,27-28; Мт 11,27Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека кај Бога се враќа, 4стана од вечерата, ја соблече својата горна облека, зеде крпа и се препаша; 5#12,3; Лк 7,44; 22,27потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со која беше препашан. 6Дојде и кај Симон Петар, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“ 7#14,26Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“ 8Петар Му рече: „Никогаш Ти нема да ми ги миеш нозете!“ Исус му одговори: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене!“ 9Симон Петар Му рече: „Господи, тогаш не само нозете мои, туку и рацете и главата!“ 10#15,3; 1 Јн 1,7Исус му одговори: „На измиениот треба само нозете да му се измијат, зашто целиот е чист, а вие сте чисти, но не сите.“ 11#6,64.70-71Бидејќи знаеше кој ќе го предаде, па затоа и рече: „Не сте сите чисти.“ 12А кога им ги изми нозете, ја облече облеката своја и седна пак на трпезата, па им рече: „Знаете ли што ви направив? 13#Мт 21,3; 23,8.10Вие Ме нарекувате Учител и Господ; и право велите, бидејќи сум. 14#Мт 20,28; Лк 22,27; 1 Тим 5,10; 1 Птр 5,5; 1 Јн 3,16Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да си ги миете нозете. 15#Рим 15,1-7; Ефес 5,2; Фил 2,5; Кол 3,13; 1 Птр 2,21; 1 Јн 2,6Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас. 16#15,20; Мт 10,24; Лк 6,40Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го пратил. 17#Мт 7,24-27; Лк 11,28; Рим 2,13; Јк 1,22.25Кога го знаете ова, блажени сте ако го извршувате. 18#6,70; 15,16; Пс 40,10; Ефес 1,4; 2 Сол 2,13Не го кажувам ова за сите вас, зашто Јас ги знам оние што ги избрав. Но нека се исполни Писмото: ‚Кој јаде леб со Мене, ја подигна петата своја против Мене.‘ 19#14,29; 16,4Отсега ви кажувам, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да поверувате дека сум Јас. 20#Мт 10,40; Лк 9,48; 10,16; Гал 4,14Вистина, вистина ви велам: кој го прими оној што го праќам Јас, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме прати.“
Исус говори за својот предавник
(Мт 26,20-25; Мк 14,17-21; Лк 22,21-23)
21 #
11,33; 12,27 Штом го рече ова, Исус, потресен во духот, посведочи и рече: „Вистина, вистина ви зборувам дека еден од вас ќе Ме предаде.“ 22Тогаш учениците почнаа да се погледнуваат еден со друг, не разбирајќи за кого зборува. 23#19,26; 20,2; 21,7.20; Лк 8,51А еден од учениците, кого Исус го сакаше, беше се навалил на градите Исусови. 24Нему му даде знак Симон Петар да праша кој ли ќе е тој за кого што говори. 25Тој, пак, се навали на градите Исусови и Му рече: „Кој е Господи?“ 26#6,71Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го подадам.“ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариотски. 27#13,2; Лк 22,3И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: „Што ќе правиш, прави побргу!“ 28А никој од оние што седеа на трпезата не разбраа зошто му го рече тоа. 29#12,6Но, бидејќи Јуда го чуваше ковчежето, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни треба за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите. 30#3,2; 9,4; 8,12; 12,35; Лк 22,53А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ.
Нова заповед
31 #
12,23; 17,5; Мт 8,20 Кога тој излезе, Исус рече: „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него. 32#1,14; 7,39Ако Бог се прослави во Него, и Него Бог ќе Го прослави во Себе, и наскоро ќе Го прослави. 33#7,33-34; 8,21Чеда, уште малку сум со вас. Ќе Ме барате и, како што им реков на Јудејците дека каде што одам Јас вие не можете да дојдете, и вам ви велам сега. 34#15,12.17; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 28,9; Мт 19,17.19; Лк 10,26-27; 1 Кор 13,1; 1 Сол 4,9Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. 35#Дела 4,32; 1 Кор 9,21; Гал 6,2; 1 Јн 3,14По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“ 36#7,35; 14,5; 16,5; 2 Птр 1,14Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде што Јас одам, ти не можеш сега да дојдеш по Мене, но подоцна ќе дојдеш по Мене.“ 37Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да одам по Тебе сега? Животот свој ќе го положам за Тебе.“ 38Исус му одговори: „Животот ли ќе го положиш за Мене? Вистина, вистина ти велам: нема петел да запее, додека ти трипати не се одречеш од Мене!“
Селектирано:
Јован 13: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: