Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 9

9
Исус исцелува слепороден човек
1 # Дела 3,2 Минувајќи, виде еден човек, слеп од раѓање. 2#2 Мојс 20,5; Ез 18,20Учениците Негови Го прашаа и рекоа: „Рави, кој згрешил – тој или ро­дителите негови, та се родил слеп?“ 3#5,14; 11,4; Лк 13,2-4Исус одговори: „Ниту тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. 4#5,17; 11,9-10Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е ден; настапува ноќ, кога не ќе може никој да работи. 5#1,4; 8,12; Ис 49,6Додека сум во светот, Јас сум Свет­лина на светот.“ 6#Мк 7,33; 8,23Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, 7#4 Цар 5,10; Ис 8,6; Лк 13,4и му рече: „Отиди и измиј се во ба­њата Силоам!“, што значи: „Испратен.“ Тој отиде, се изми и дојде гледајќи. 8#Дела 3,10А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и просеше?“ 9Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“ 10Тогаш го прашаа: „Како ти се от­во­рија очите?“ 11Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги на­мачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“ 12Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“
Фарисеите го испитуваат исцелувањето
13 # 1,24 Тогаш го одведоа кај фарисеите чо­векот, кој порано беше слеп. 14#5,9; Лк 13,10; 14,1-2А беше сабота кога направи Исус кал и му ги отвори очите. 15Го прашаа, пак, исто така и фарисе­ите: „Како прогледа?“ Тој им одговори: „Ми кладе кал на очите, се измив и сега гледам.“ 16#3,2; 5,16.18; 7,43; 9,31.33; 10,19; 5 Мојс 12,32–13,5Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Не е од Бога Овој човек, штом не ја запазува саботата.“ Други рекоа: „Како може грешен човек да прави такви чу­да?“ И настана расправија меѓу нив. 17#7,40; Мт 16,14; 21,46Пак му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за оној што ти ги отвори очите?“ А тој рече: „Пророк е!“ 18Но Јудејците не поверуваа за него дека бил слеп и прогледал додека не ги повикаа родителите на оној што прогледа, 19и ги прашаа, велејќи: „Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп?“ Па, како сега гледа? 20Родителите негови одговорија и им рекоа: „Знаеме дека е овој наш син и дека се роди слеп; 21но како сега гледа, не знаеме; или, кој му ги отвори очите, не знаеме. Тој е голем; прашајте го него, нека ви каже сам за себе!“ 22#7,13; 12,42; 19,38; 20,19; Лк 6,22Ова го рекоа неговите родители, би­дејќи се плашеа од Јудејците; зашто Ју­дејците се беа согласиле да биде ис­клу­чен од синагогата секој што ќе Го признае за Христос. 23Затоа и родителите негови рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!“ 24#Ис.Н. 7,19; Откр 11,13Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Оној Човек е грешен!“ 25А тој одговори и рече: „Дали е гре­шен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.“ 26Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“ 27Тој им одговори: „Јас веќе ви реков и не чувте; зошто сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му ста­не­те ученици?“ 28#5,45А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици! 29#7,27-28; 8,14; 2 Мојс 33,11; 4 Мојс 12,2-8Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.“ 30Одговори човекот и им рече: „Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите! 31#Ис 1,15; Пс 33,15; 65,18; Јов 27,9; Изреки 15,29; 1 Јн 3,21-22Знаеме дека Бог не слуша греш­ни­ци: но оној што Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слуша. 32Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. 33#3,2И ако Тој не беше од Бога, не ќе можеше да направи ништо.“ 34#9,2; Пс 50,6Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нѐ учиш?“ И го избркаа надвор.
Духовно слепило
35 # 3,14-15; Мт 8,20 Исус чу дека го истерале надвор, па го нај­де и му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?“ 36Тој одговори и рече: „А кој е, Гос­поди, па да поверувам во Него?“ 37#4,26Исус му рече: „Си Го видел, токму Оној е кој зборува со тебе!“ 38А тој рече: „Верувам, Господи!“ И Му се поклони. 39#3,17; 5,22.27.30; 8,12.15; 12,47; Мт 13,13; Мк 4,11-12И рече Исус: „За суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат оние што не гледаат, а оние што гледаат, да станат слепи.“ 40#Мт 15,14; 23,16.24.26Го чуја тоа некои од фарисеите што беа со Него, и Му рекоа: „Зар и ние сме слепи?“ 41#3,36; 15,22; Изреки 26,12Исус им рече: „Да бевте слепи, грев немаше да имате; а сега велите дека гледате, затоа и гревот ви останува.“

Селектирано:

Јован 9: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се