Лука 15
15
Исус и грешниците
1 #
Мт 5,46; 9,10; Мк 2,15 Се приближуваа кон Него сите цариници и грешници за да Го слушаат. 2#5,30; 7,34А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“
Парабола за загубената овца
(Мт 18,12-14)
3Но Тој им ја кажа оваа парабола и рече: 4#12,32; 19,10; Ер 23,1-4; Ез 34,11.16; Мих 4,6-7„Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги остави деведесет и деветте во пустината и нема да оди да ја бара загубената, сѐ додека не ја најде? 5А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен; 6и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата загубена овца!‘ 7#1,14; 15,10; Јк 5,20Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од покајание.
Парабола за загубената драхма
8Или која жена, ако има десет драхми, и ако загуби една, нема да запали светило и да ја измете куќата, и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде? 9А штом ќе ја најде, ќе повика пријатели и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘ 10Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.“
Парабола за загубениот син
11 #
Мт 21,28
И рече: „Еден човек имаше два сина. 12#5 Мојс 21,16-17Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот!‘ И таткото им го раздели имотот. 13#Изреки 29,3По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно. 14И откако потроши сѐ, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака; 15#5 Мојс 14,8па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи. 16И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. 17А кога дојде на себеси, рече: ‚Колку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад. 18#Пс 50,5Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, 19#Ис 55,7 и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници.“‘ 20#1 Мојс 29,13; 2 Цар 14,33; Ис 49,15; Ер 3,12; 31,20; Тов 11,9-11Па стана и отиде кај татка си. И кога беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. 21И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘ 22#1 Мојс 41,42; Зах 3,4А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава облека и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; 23па доведете едно згоено теле и заколете го; да јадеме и да се веселиме, 24#Ефес 2,1.5; 5,14; 1 Тим 5,6зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И почнаа да се веселат. 25А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, слушна песни и игри. 26И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘ 27А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘ 28Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. 29А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед; и мене не си ми дал ниту едно јаре за да се провеселам со моите пријатели; 30#Изреки 29,3а кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘ 31А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое; 32но требаше да се зарадуваме и развеселиме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде.‘“
Селектирано:
Лука 15: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: