Лука Вовед
Вовед
И во ова Евангелие дејствието се одвива според следниот план:
Појавата на Јован Крстител како Исусов претходник (3,1-20),
Исусовото крштевање и искушението (3,21–4,13),
Исусовиот јавен живот во Галилеја, каде што Тој проповеда и исцелува болни (4,14–9,50),
Исусовото патување од Галилеја до Ерусалим (9,51–19,28),
Но, за разлика од претходните две Евангелија, Лука изнесува и неколку нови параболи, како на пр. онаа за Добриот Самарјанин, за нечувствителниот богат човек, за изгубениот и повторно најден син, а исто така и некои епизоди од Исусовиот живот, како онаа за Исусовата посета кај Марта и Марија.
Понатаму, Лука го опишува:
Исусовото делување во Ерусалим (19,29–21,38),
Исусовите последни страдања, распнувањето и Неговата смрт (22–24).
Дејството на книгата завршува на денот Пасха (24), каде посебно е истакнато јавувањето на воскреснатиот Исус на учениците во Емаус, пред Неговото вознесение. Но, за разлика од Марко, по краткиот предговор во кој тој ја посветува својата книга и објаснува како ја составил (1,1-4), Лука го воведува читателот во дејството преку воведот посветен на родословието на Господ Исус и на Јован Крстител (1–2). Тука може да се прочита за она што ѝ е објавувено на Марија, за раѓањето на Јован Крстител, за поклонувањето на пастирите, но и за славопоите на Марија, на Захарија и на Симеон. Уште во воведот, Лука веќе го истакнува она што е суштинско за неговото сведочење: Исусовото божествено потекло и истовремено Неговите длабоки израилски корени, Неговото доаѓање, кое претставува голем пресврт за целото човештво. Лука тука исто така ја покажува посебната љубов што Бог им ја истакнува на безначајните, малите луѓе (понижените, отфрлените, жените, сиромашните, туѓинците), делување што е детерминирано од Светиот Дух, како и атмосферата на радост, благодарност и молитва што го придружуваат присуството на Евангелието.
Од сите четири евангелија, Евангелието според Лука најмногу го пројавува елинистичкиот дух. Обраќајќи се до читатели кои се помалку запознаени со посебните традиции на Израил, Лука постојано настојува да биде јасен и да го објасни она што би можело да им биде непознато. За човекот на денешното време ова Евангелие, без сомнение, е најдостапно за читање.
Селектирано:
Лука Вовед: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: