1 Летописи 24
24
Задолженијата на свештениците
1Еве ги и распределбите на синовите Аронови: Аронови синови беа: Надав, Авиху, Елеазар и Итамар. 2#3 Мојс 10,1-2Надав и Авиху умреа пред таткото свој, а синови немаа, затоа свештеничката служба ја извршуваа Елеазар и Итамар. 3#2 Сам 8,17И Давид ги распореди: Садок – од синовите Елеазарови, и Ахимелех – од синовите Итамарови, според редот на службите нивни. 4И се најде дека меѓу синовите Елеазарови имаше повеќе началници, отколку меѓу синовите Итамарови. И тој ги распореди вака: од синовите Елеазарови – шеснаесет началници, а од синовите Итамарови – осум. 5А ги распоредуваше со ждрепка, зашто началниците во светилиштето и началниците пред Бога беа од синовите Елеазарови и од синовите Итамарови; 6и ги запиша Шемаја, синот Натанаилов, писар од левитите, пред царот и началниците и пред свештениците Садок и Ахимелех, Авијатаровиот син, и пред началниците на свештеничките и левитските домови: кога се фрлаше ждрепка, зедоа еден од Елеазаровиот род, потоа зедоа еден од Итамаровиот род. 7#Езд 2,36; Неем 12,6Првата ждрепка падна на Јојарив, вториот за Једаја, 8#Езд 2,39третиот – за Харим, четвртиот – за Сеорим, 9петтиот – за Малкија, шестиот – за Мијамин, 10седмиот – за Хакоц, осмиот – за Авија, 11деветтиот – за Јешуа, десеттиот – за Шеханија, 12единаесеттиот – за Елијашив, дванаесеттиот – за Јаким, 13тринаесеттиот – за Хупа, четиринаесеттиот – за Јешевав, 14петнаесеттиот – за Билга, шеснаесеттиот – за Имер, 15седумнаесеттиот – за Хезир, осумнаесеттиот – за Хапицец, 16деветнаесеттиот – за Петахија, дваесеттиот – за Езекиел, 17дваесет и првиот – за Јахин, дваесет и вториот – за Гамул, 18дваесет и третиот – за Делаја, дваесет и четвртиот – за Маазјаху. 19#Лк 1,8-9Тоа беше нивниот ред за службата нивна за доаѓање во домот Господов, според наредбата за нив, утврдена од таткото нивни Арон, како што му беше заповедал Господ, Бог Израелов.
Распоред на левитите
20Кај другите Левиеви синови распоредот беше: од синовите Амрамови – Шуваел; од Шуваеловите синови – Јехдеја; 21од Рихавија синот Јешија беше прв; 22од Јицхар – Шеломот; од Шеломотовите синови – Јахат; 23од синовите Хевронови, прв беше Јерија, втор – Амарија, трет Јахазиел, четврти – Јекамам. 24Од Узииловите синови – Миха; од Миховите синови – Шамир. 25Брат на Миха беше Јесеја; од Јесеевите синови – Захарија. 26Од синовите Мерариеви – Махли и Муши; од синовите Јаазиини – Бено. 27Синови Мерариеви од Јаазија – Шохам, Закур и Иври. 28Од Махли – Елеазар: тој немаше синови. 29Од Кис и од синовите Кисови – Јерахмеел; 30синови Мушиеви – Махли, Едер и Јеремот. Тоа беа синовите левитски според поколенијата нивни. 31И тие фрлија ждрепка заедно со браќата свои, Аронови синови, пред лицето на царот Давид и Садок и Ахимелех и началниците на свештеничките и левитските редови: началникот на родот заедно со најмладиот брат свој.
Селектирано:
1 Летописи 24: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006