1 Коринтјаните 10
10
Опомени против идолите
1 #
2 Мојс 13,21; 14,22; Пс 105,39 Браќа, не сакам да не знаете дека татковците наши сите беа под облак и сите минаа преку морето, 2и сите во Мојсеј се крстија во облакот и во морето; 3#2 Мојс 16,4.35; 5 Мојс 8,3; Пс 78,24-25; Јн 6,49и сите јадеа иста духовна храна; 4#2 Мојс 17,6; 4 Мојс 20,7-11; Пс 78,15-16и сите пиеја исто духовно пиење; зашто пиеја од духовната карпа, што ги придружуваше; а таа карпа беше Христос. 5#4 Мојс 14,29; Пс 78,31; Евр 3,17; Јуда 1,5Но повеќето од нив не беа по волјата Божја, затоа загинаа во пустината. 6#4 Мојс 11,4.34; Пс 106,14А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи по злото, како што тие беа похотливи. 7#2 Мојс 32,6Не бидете ниту идолослужители, како некои од нив, за кои е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па стана да игра.“ 8#4 Мојс 25И да не блудничиме, како некои од нив што блудничеа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади. 9#4 Мојс 21,5-6; Мт 4,7И да не Го искушуваме Христос, како што некои од нив Го искушуваа, и загинаа од змии. 10#2 Мојс 16,2; 4 Мојс 14,2.36; 17,6.14; Евр 3,8-11Не мрморете, како што некои од нив замрмореа, па загинаа од Истребителот. 11#9,9-10; 1 Птр 4,7; 1 Јн 2,18Сето тоа ним им се случуваше да служат како пример, а беше запишано нам за опомена, до кои стигна крајот на вековите. 12#Рим 11,20; Гал 6,1Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне. 13#1,9; 1 Сол 5,24; 2 Сол 3,3; Евр 10,23; 2 Птр 2,9Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да издржите. 14#1 Јн 5,21Затоа, возљубени мои, одбегнувајте го служењето на идолите. 15Ви зборувам како на разумни: расудете сами за ова што ви го кажувам, 16#Мт 26,27-28; Дела 2,42Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедништво со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово? 17#Рим 12,5; Ефес 1,23; 4,4.25; 5,30Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб. 18#3 Мојс 7,6Гледајте го Израел според телото: оние што јадат од жртвите, не се ли причесници со жртвеникот? 19А што да кажам? Дека идолските жртви се нешто, или дека идолот е нешто? 20#3 Мојс 17,7; 5 Мојс 32,17; Пс 106,37; Откр 9,20Не! Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога; јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните. 21#2 Кор 6,15-16Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпеза на демоните. 22#5 Мојс 32,21; Ис 45,9Дали, пак, ќе побудиме завист во Господ? Та посилни ли сме од Него?
Да се постапува целосно за слава на Бога
23 #
6,12
„Сѐ е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ е допуштено!“ Но сѐ не се наградува. 24#Рим 14,19; Фил 2,21Никој нека не ја бара својата лична полза, туку ползата на другиот. 25Сѐ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста; 26#Пс 24,1; 50,12зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“ 27Ако ве покани некој од безверните и вие посакате да одите, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста. 28#Рим 14,14.15Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и поради совеста. Зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“ 29#Рим 14,3.13Но не зборувам за совеста твоја, туку на друг; зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест? 30Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен поради тоа, за кое благодарам? 31И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја. 32Не станувајте соблазна ни за Јудејците, ни за Елините, ниту за црквата Божја, 33како што и јас им угодувам на сите во сѐ и не ја барам својата полза, туку ползата на мнозина, за да бидат спасени.
Селектирано:
1 Коринтјаните 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: