Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 12

12
За даровите од Светиот Дух
1 # Рим 1,13 А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете. 2#Пс 115,5Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте кај немите идоли, како да ве водеа. 3#Мк 9,39; Јн 13,13; Дела 2,36; Рим 10,9; Фил 2,11; 1 Јн 4,2-3; 5,1Затоа ви давам на знаење дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус!“, и никој не може да каже: „Исус е Господ!“, освен преку Светиот Дух. 4#Ефес 4,4-6#1,7; Рим 12,4-8; Евр 2,4Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист; 5#12,28има разни служби, но Господ е еден и ист; 6#Гал 2,8и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува сѐ во сите. 7А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза; 8зашто, на еден му се дава преку Ду­хот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух; 9#12,28.30; Мк 11,22-23; Лк 9,1на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дарби за лекување, преку истиот Дух; 10#14,1; Дела 2,4на друг – чудотворства, на друг – да пророкува, на друг – да ги разликува ду­ховите, на друг – разни јазици, на друг – да толкува јазици. 11#Рим 12,3Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому поодделно, како што сака.
Едно тело со повеќе делови
12 # Рим 12,4-5 И како што е телото едно, а има многу делови, и сите делови од тоа те­ло, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос. 13#Мк 1,8; Дела 19,2; Гал 3,28; Ефес 2,18Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и си­те сме со еден Дух напоени. 14Зашто и телото не се состои само од еден дел, туку од многу. 15Ако ногата рече: бидејќи не сум ра­ка, не сум дел од телото, зар само заради тоа таа не припаѓа на телото? 16И ако увото рече: бидејќи не сум око, не сум дел од телото, зар поради тоа увото не припаѓа на телото? 17Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисот? 18Но Бог ги наредил деловите, секој од нив во телото така, како што по­са­кал. 19Ако сите тие би биле само еден дел, тогаш каде е телото? 20А сега се, пак, многу делови, но се­пак едно тело. 21И не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна“, ниту, пак, гла­вата на нозете: „Не сте ми потребни.“ 22Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни; 23и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку чесни, им од­даваме повеќе почит; и нашите срамни делови добиваат поголема пристојност. 24Пристојните, пак, делови немаат потреба од чест. Но Бог го составил те­лото така, што им дал изобилна почит, на органите што ја немаат. 25За да нема раздори во телото, но де­ловите подеднакво да се грижат едни за други. 26А кога страда еден дел, тогаш стра­даат сите делови; и кога се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови. 27#10,17; Рим 12,5; Ефес 1,23; 4,4.25Вие сте телото Христово, а поодделно – членови. 28#12,9-10; Мк 16,17-18; Дела 13,1; 2 Кор 12,12; Ефес 4,11; 2 Тим 1,11И некои од вас Бог постави во Црк­вата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па за помагање, за управување и за зборување на разни јазици. 29Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? 30Сите ли имаат дарба да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Си­те ли се толкувачи? 31Стремете се кон поголеми дарби. А сега ви покажувам еден многу повозви­шен пат:

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се