1 Царевите 10
10
Царицата од Сава во посета кај Соломон
(2 Лет 9,1-12)
1 #
Суд 14,12-18; Мт 12,42 Савската царица, откако слушна за славата Соломонова и за името на Господ, дојде да го испита со гатанки. 2Таа дојде во Ерусалим со многу големо богатство: камилите беа натоварени со благопријатни мириси, со многу злато и скапоцени камења; таа дојде кај Соломон и говореше со него за сѐ што ѝ беше на срцето. 3Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и немаше ништо непознато за царот што не ѝ го објасни. 4Савската царица ја виде сета мудрост на Соломон, и домот што тој го беше изградил, 5и јадењата на трпезата негова, и живеалиштата на слугите негови, и држењето на слугите негови, облеката нивна и пехарниците негови, и сепалениците негови што ги принесуваше во храмот Господов. И повеќе не можеше да се воздржи, 6па му рече на царот: „Вистина е она што го бев слушала во својата земја за твоите дела и за твојата мудрост; 7но не верував на зборови, додека не дојдов, и не видоа очите мои: и, ете, мене ни половината не ми беше речено; мудрост и богатство ти имаш повеќе отколку што сум слушала. 8Блажени се твоите луѓе, блажени се и тие твои слуги што стојат пред тебе секогаш и ја слушаат твојата мудрост! 9Благословен да е Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Израеловиот престол! Господ, поради вечната Своја љубов кон Израел, те постави за цар за да вршиш суд и правда.“ 10И таа му подари на царот сто и дваесет кикари злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења; никогаш уште не беа донесувани толку многу благопријатни мириси, колку што савската царица му подари на царот Соломон. 11И Хирамовите кораби што носеа злато од Офир, донесоа од Офир големо множество алмугово дрво и скапоцени камења. 12И царот направи од тоа скапоцено алмугово дрво потпирки за храмот Господов и за царскиот дом, и харфи и псалтири за пејачите. Никогаш не беше донесувано толку алмугово дрво и не беше видено до тој ден. 13Тогаш царот Соломон ѝ даде на савската царица сѐ што таа пожела и што посака, посебно од она што цар Соломон ѝ го подари со рацете свои. И се врати таа во својата земја, таа и сите нејзини слуги.
Богатството на царот Соломон
(2 Лет 1,14-17; 9,13-28)
14Златото што му доаѓаше на Соломон секоја година, тежеше шестотини шеесет и шест кикари, 15освен она што се добиваше од разнесувачите на стока и од тргувањето на трговците и од сите арапски цареви и од обласните управници. 16Царот Соломон направи двесте големи штита од ковано злато, – по шестотини шекели злато се потрошени за секој штит; 17и триста помали штита од ковано злато, – од по три мини злато за секој штит; и царот ги постави во домот од леванонско дрво. 18Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато; 19пред престолот имаше шест скалила; одзади врвот на престолот беше кружен, и од двете страни на седиштето имаше потпирки, а до потпирките стоеја два лава; 20и уште дванаесет лава стоеја таму од двете страни на шесте скалила. Слично нешто немало ни во едно друго царство. 21Сите садови за пиење кај цар Соломон беа златни, и сите садови во домот од леванонско дрво беа од чисто злато; ништо немаше од сребро, зашто во дните на Соломон среброто не се сметаше за нешто вредно; 22#22,49; Ис 2,16; 23,1.14; 60,9; Ез 27,25; Пс 48,7; 2 Лет 9,21; 20,36-37царот имаше на морето таршишки кораби заедно со Хирамовите кораби и во три години еднаш доаѓаа таршишките кораби и донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни. 23Цар Соломон ги надминуваше сите земни цареви по богатството и мудроста. 24И сите земни цареви сакаа да го видат Соломон за да ја послушаат мудроста негова, која Бог ја беше ставил во срцето негово. 25И тие му принесуваа, секој од себеси, дар: сребрени садови, облека, оружје и благопријатни мириси, коњи и маски секоја година. 26#5,6; 5 Мојс 17,16; 2 Лет; 1,14-17Соломон така насобра коњи и коњаници; тој имаше четириесет илјади коли и дванаесет илјади коњаници, кои ги распореди по градовите, каде што му беа колите и кај царот во Ерусалим. 27Царот направи во Ерусалим да има сребро колку и обичните камења, а кедрово дрво како дивите смокви што растеа по низините. 28Коњи, пак, донесуваа за царот Соломон од Египет и од Киве; царските трговци ги купуваа по определена цена. 29Купена и донесена до Египет една кола чинеше шестотини шекели сребро, а коњ, – сто и педесет. На ист начин тие со свои раце им го доставуваа сето тоа на хитиските и на арамејските цареви.
Селектирано:
1 Царевите 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: