1 Петар 2
2
1 #
Јк 1,21
Отфрлете, пак, од себеси секаква пакост и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секакво клеветење, 2#Мк 10,15; 1 Кор 3,2како новородени деца бидете желни за вистинско и духовно млеко, та во него да пораснете за спасение, 3#Пс 34,9бидејќи вкусивте дека Господ е добар.
Основање и мисија на црквата
4 #
2 Мојс 19,23; Мт 21,42; Дела 4,11 Пристапете кон Него, живиот камен, од луѓето отфрлен, но од Бога избран, драгоцен, 5#Рим 12,1; 1 Кор 3,16; Ефес 2,20-22; Евр 13,15вие кои како живи камења сте вградени во духовен дом, свештенство свето, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос. 6#Ис 28,16; Рим 9,33; 10,11Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион поставувам камен темелник, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!“ 7#Пс 118,22; Мт 21,42Вам, пак, кои верувате, Тој ви е чест, а за неверниците – „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“, 8#Ис 8,14; Рим 9,33камен од кој тие се сопнуваат и камен на кој паѓаат, зашто не му се покоруваат на словото; за тоа се тие и одредени. 9#2 Мојс 19,5-6; Ис 43,20-21; Мал 3,17; Дела 26,18; Рим 3,24; 2 Кор 4,6; Ефес 1,14; 5,8; Кол 1,12-13; 3,12; 1 Сол 5,4; Откр 1,6Но вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина; 10#Ос 1,6.9; 2,3.25; Рим 9,25-26вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте помилувани, а сега сте помилувани.
За однесувањето на христијаните меѓу незнабошците
11 #
1 Мојс 23,4; Пс 39,12; Гал 5,17.24; Евр 11,13; Јк 4,1 Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата. 12#3,16; Ис 10,3; Мт 5,16Однесувајте се достојно меѓу незнабошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата.
Должноста на христијаните кон оние кои се на власт
13И така, покорувајте се на секоја човечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт, 14било на управители на Негови пратеници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците! 15#3,16Зашто, таква е волјата Божја, – со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе, 16#Гал 5,13; Јуда 1,4како слободни, а не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за вршење зло, туку – како слуги Божји. 17#Изреки 24,21; Мт 22,21Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, имајте страхопочит кон Бога, царот почитувајте го!
Должноста на слугите кон своите господари
18 #
Ефес 6,5; 1 Тим 6,1; Тит 2,9 Слуги, покорувајте им се на господарите свои, не само на добрите и кротките, туку и на лошите! 19#3,14; 4,14; Јк 5,7-11Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо. 20#3,14.17; 4,14Зашто, каква е пофалбата, ако трпите кога ве тепаат поради престапи? Но, ако трпите кога правите добро и страдате, тоа Му е угодно на Бога. 21#Мт 16,24; Јн 13,15Бидејќи вие сте за тоа повикани, зашто и Христос пострада за вас, оставајќи ни пример за да врвиме по Неговите стапки: 22#Ис 53,9; Јн 8,46; 2 Кор 5,21; 1 Јн 3,5.9Тој не направи грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама; 23#Мт 5,39; 26,62; Рим 12,19кога на Него хулеа, Тој не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не се закануваше, туку се потпираше на Оној Кој праведно суди. 24#Ис 53,4.5.12; Рим 6,11.18; Евр 9,28Тој сам ги носеше нашите гревови на крстот во телото Свое, та ослободени од гревовите да живееме за правдата: „Преку Неговата рана се исцеливте.“ 25#Ис 53,6; Ез 34,5-6; Мт 9,36Зашто бевте како овци изгубени, кои немаат пастир, но сега се обративте кон Пастирот и Чуварот на вашите души.
Селектирано:
1 Петар 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: