Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 18

18
1 # 19,1-7; 23,16-18; 1 Мојс 44,30; 2 Сам 1,26 Кога Давид го заврши разговорот со Саул, душата на Јона­тан се приврза до душата негова, и Јо­натан го засака како своја душа. 2И тој ден Саул го задржа и не му дозволи да се врати во домот на татко му. 3А Јонатан склучи сојуз со Давид, бидејќи го засака како душата своја. 4#24,5-6; 2 Цар 2,13Јонатан ја соблече горната облека своја што беше на него, и му ја даде на Давид, исто така и другата облека своја, и мечот свој, и лакот свој, и појасот свој. 5#18,22А Давид постапуваше разумно на­секаде, каде и да го испратеше Саул, и Саул го направи началник над војските; и тоа му се допадна на сиот народ и на слугите Саулови.
Саул се обидува да го убие Давид
6 # 2 Мојс 15,20; Суд 11,34; 21,21; Пс 68,25 Кога одеа, при враќањето на Давид од победата над Филистеецот, жените од сите израелски градови излегуваа да го пресретнат царот Саул со песни, игри и радосни извици, со тимпани и кимвали. 7#21,12; 29,5; 2 Мојс 15,21И жените што играа и пееја, го­вореа: „Саул победи илјади, а Давид – десетици илјади!“ 8Тогаш Саул многу се огорчи, непријатни му беа тие зборови, па рече: „На Давид му дадоа десетици илјади, а мене – илјади; му недостига само царство.“ 9И од тој ден Саул гледаше на Давид со завидливи очи. 10#16,14.23; 19,9.23-24И се случи на другиот ден, лошиот дух што му го испраќаше Бог, да го нападне Саул, и тој беснееше во куќата своја, а Давид свиреше со раката по струните, како и во другите денови. А Саул во раката држеше копје. 11#19,10; 20,33И го фрли Саул копјето, помислувајќи си: ќе го приковам Давид за ѕидот. Но Давид двапати се истргна од него. 12#18,29; 1 Мојс 26,3; Ис.Н. 1,5И Саул почна да се плаши од Давид, зашто Господ беше со него, а од Саул отстапи. 13И Саул го тргна од себе и го по­стави за свој илјаданачалник; оттогаш тој одеше и се враќаше на чело на својата војска. 14Во сите работи Давид постапуваше разумно, и Господ беше со него. 15И Саул виде дека е тој многу разумен, и се плашеше од него. 16#2 Сам 5,2А целиот Израел и Јуда го засакаа Давид, зашто тој излегуваше и влегуваше пред нив.
Давид се жени со Михала, ќерката на Саул
17 # 17,25; 25,28 Саул му рече на Давид: „Ете, мојата поголема ќерка Мерава ќе ти ја дадам за жена, само биди ми јунак и води ги војните Господови.“ Зашто Саул си мислеше: нека не биде мојата рака врз него, туку раката на Филистеј­ците нека биде врз него. 18#9,21; 2 Сам 7,8Но Давид му рече на Саул: „Кој сум јас, и каков е животот мој и родот на татко ми во Израел, та да станам цар­ски зет?“ 19И кога дојде време Сауловата ќерка Мерава да се омажи за Давид, му ја дадоа за жена на Адриел од Мехо. 20Но Давида го беше засакала другата Саулова ќерка, Михала, и кога му соопштија на Саул за тоа, му стана пријатно. 21Саул си мислеше: „Ќе ја омажам за него, и таа ќе му биде стапица, и раката на Филистејците ќе биде врз него.“ И му рече Саул на Давид: „Денес ќе се сродиш со мене преку другата.“ 22Тогаш Саул им заповеда на слугите свои, велејќи: „Кажете му тајно на Давид: – ете, царот е благонаклонет кон тебе, и сите слуги негови те сакаат. Затоа стани му зет на царот.“ 23И слугите Саулови му ги соопштија на Давид сите тие зборови. А Давид рече: „Зар ви се чини дека е лесно да бидеш зет на царот? Јас сум човек беден и мал.“ 24И му соопштија на Саул слугите негови и рекоа: „Еве што рече Давид.“ 25#1 Мојс 34,12; 2 Мојс 22,15Тогаш Саул рече: „Вака кажете му на Давид: царот не сака мираз, туку само сто филистејски обрезоци за од­мазда на царските непријатели.“ Зашто Саул беше на мисла да го погуби Давид со рацете на Филистејците. 26Слугите му ги соопштија на Давид тие зборови и на Давид му се свиде да му стане зет на царот. 27#2 Сам 3,14Уште не беа изминале определе­ните денови, Давид стана, тргна тој и луѓето со него, и уби двесте филистеј­ски мажи; па ги донесе Давид нивните обрезоци, и му ги предаде на царот во полн број за да стане царев зет. И Саул му ја даде за жена ќерка си Михала. 28Саул виде и дозна дека Господ е со Давид, а и дека Михала, Сауловата ќерка, го сака Давид. 29И Саул почна уште повеќе да се плаши од Давид и стана негов непријател до крајот на животот. 30А кога филистејските војводи излегоа во војна, Давид уште од самото излегување нивно дејствуваше поразумно од сите Саулови слуги, и многу се прослави името негово.

Селектирано:

1 Самоилова 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се