1 Самоилова 20
20
Јонатан го заштитува Давид
1 #
24,12; 26,18 Давид избега од Нават, кој е кај Рама, и дојде, па му рече на Јонатан: „Што направив јас, во што сум виновен, со што згрешив пред татко ти, та ја бара душата моја?“ 2Му одговори Јонатан: „Не, ти нема да умреш. Ете, татко ми не прави ништо, било големо, било мало, без да им јави на ушите мои. Зошто татко ми ќе го крие тоа од мене? Тоа нема да биде.“ 3#18,1; 19,1Давид се колнеше и говореше: „Татко ти добро знае дека јас стекнав благонаклоност во твоите очи, затоа си вели: ‚нека не знае за тоа Јонатан за да не се огорчи.‘ Но, ти се колнам во Господ и во твојата душа дека само еден чекор има меѓу мене и смртта.“ 4Јонатан му рече на Давид: „Што сака душата твоја, јас ќе го сторам тоа за тебе.“ 5#4 Мојс 10,10; 28,11; 2 Цар 4,23; Ис 1,13-14; Ос 2,13Тогаш Давид му рече на Јонатан: „Ете, утре е млада месечина, и јас треба да седам со царот на трпезата; но пушти ме, и јас ќе се кријам во полето до вечерта на третиот ден. 6Ако татко ти запраша за мене, ти кажи: ‚Давид ме замоли да оди во својот град Витлеем, зашто таму се врши годишно принесување на жртва за сиот негов род.‘ 7Ако на тоа тој каже: ‚добро‘, твојот слуга ќе има мир; ако, пак, се разгневи, тогаш знај дека тој намислил нешто лошо. 8#18,3; 23,18; 2 Сам 14,32А ти стори му милост на твојот слуга, – зашто ти го воведе слугата свој во завет Господов со тебе, – и ако има некоја вина во мене, убиј ме ти! Зошто да ме водиш кај татко ти?“ 9Јонатан одговори: „Тоа нема да стане со тебе; зашто, ако навистина дознаам дека татко ми решил да ти направи нешто лошо, зар нема да ти јавам за тоа?“ 10Тогаш Давид му рече на Јонатан: „Кој ќе ми соопшти, ако татко ти одговори налутено?“ 11Јонатан му рече на Давид: „Ајде да одиме во полето.“ И обајцата излегоа во полето. 12#2 Сам 9,1-13; 21,7Јонатан му рече на Давид: „Се колнам во Господ, Бог Израелов! Утре во ова време, или другиот ден, ќе разберам од татко ми; и ако е тој благонаклонет кон Давид, и ако јас уште тогаш не испратам гласници кај тебе и не им јавам на твоите уши, 13#3,17; 14,44; Рута 1,17нека Господ ми испрати најголема казна и уште поголемо зло да ми додаде! Ако, пак, татко ми решил да ти нанесе зло, и тоа ќе го соопштам до ушите твои, и ќе те пуштам; тогаш оди си со мир, и Господ нека биде со тебе, како што беше со татко ми! 14Но и ти, ако бидеш уште жив, направи ми милост Господова. 15#2 Сам 9,1Ако, пак, умрам, не ја одземај милоста своја од домот мој никогаш, дури ни тогаш, кога Господ ќе ги истреби од лицето на земјата сите непријатели Давидови.“ 16Така склучи Јонатан завет со домот Давидов и рече: „Господ нека им врати на непријателите Давидови!“ 17#18,1Јонатан му се заколна на Давид во љубовта своја кон него, бидејќи го сакаше како душата своја. 18И му рече Јонатан: „Утре е млада месечина, и ќе запрашаат за тебе, бидејќи местото твое нема да биде зафатено; 19#19,2-3затоа на третиот ден слези и оди брзо на местото, каде што се криеше порано, и седни кај каменот Езел; 20јас, пак, ќе пуштам кон таа страна три стрели, небаре ќе стрелам во цел. 21Потоа ќе испратам едно момче, на кого ќе му кажам: ‚Оди, најди ги стрелите‘, и ако му кажам на момчето: ‚Еве, стрелите се зад тебе, земи ги‘, дојди кај мене, тогаш има мир за тебе, и, се колнам во Господ, нема ништо да ти стане. 22Ако, пак, му кажам вака на момчето: ‚Ете, стрелите се пред тебе‘ тогаш оди си, бидејќи Господ те пушта. 23#1 Мојс 31,49А за тоа, за кое говоревме јас и ти, Господ е сведок меѓу мене и тебе засекогаш.“ 24Давид се сокри во полето. Кога настапи млада месечина, царот седна на трпезата да јаде. 25Царот седна на местото свое, како секогаш, на седиштето до ѕидот. Јонатан стана, а Авенир седна до Саул; местото, пак, на Давид остана празно. 26#3 Мојс 7,20-21; 15,16; 5 Мојс 23,11Тој ден Саул не кажа ништо, зашто си помисли дека тоа е случајно дека Давид е нечист, не се исчистил. 27Настапи и вториот ден по младата месечина, а местото на Давид остануваше празно. Тогаш Саул му рече на синот свој Јонатан: „Зошто синот Јесеев не дојде на ручек ниту вчера, ниту денес?“ 28Јонатан му одговори на Саул: „Давид измоли од мене да отиде во Витлеем, 29велејќи: ‚Пушти ме, бидејќи имаме во градот родбинско принесување жртва, и брат ми ме покани; затоа, ако сум стекнал благонаклоност во очите твои, пушти ме да одам и да се видам со браќата свои; затоа тој и не дојде на царскиов ручек.‘“ 30#5 Мојс 21,20Тогаш Саул многу се разгневи на Јонатан и му рече: „Развратен и непокорен сине! Зар не знам дека си се здружил со Јесеевиот син за срам, на себе и за срам на мајка си! 31Зашто во сите денови, додека Јесеевиот син живее на земјата, нема да опстанеш ни ти, ни царството твое; а сега испрати и доведи го кај мене, бидејќи е осуден на смрт.“ 32#19,5; Мт 27,23; Лк 23,22Јонатан му одговори на татко си Саул и му рече: „Зошто да се убива? Што направил?“ 33Тогаш Саул фрли копје врз него за да го убие. Тогаш Јонатан разбра дека татко му решил да го убие Давид. 34Јонатан стана од трпезата многу разгневен и не ручаше на другиот ден по младата месечина, зашто тагуваше за Давид, а и затоа што татко му го навреди. 35На другиот ден изутрина Јонатан излезе во полето, во времето што му го беше определил на Давид, и едно мало момче со него. 36И тој му рече на момчето: „Трчај, барај ги стрелите што ги пуштам.“ Момчето се затрча, а тој ги пушташе стрелите така што тие летаа подалеку од момчето. 37И момчето се затрча натаму, на каде што Јонатан ги пушташе стрелите, и Јонатан викна по момчето и рече: „Гледај, стрелата е пред тебе.“ 38Јонатан, пак, викаше по момчето: „Трчај побрзо, не се запирај.“ И момчето ги собра Јонатановите стрели и дојде кај господарот свој. 39А момчето не знаеше ништо; само Јонатан и Давид знаеја, каква е работата. 40Тогаш Јонатан му го даде оружјето свое на момчето што беше со него, и му рече: „Оди и однеси го во градот.“ 41Момчето отиде, а Давид се исправи од југ и падна ничкум на земјата и трипати се поклони; и се бакнаа тие еден со друг, и обајцата плачеа заедно, но Давид повеќе плачеше. 42Јонатан му рече на Давид: „Оди со мир; а тоа, во кое се колневме двајцата во името Господово, велејќи: ‚Господ да биде меѓу мене и твоето семе‘, нека биде засекогаш.“
Селектирано:
1 Самоилова 20: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: