1 Самоилова 26
26
Во пустината Зиф. Давид повторно му го поштедува животот на Саул
1 #
23,19; 24,1-2 Потоа кај Саул во Гива дојдоа Зифејците и рекоа: „Ете, Давид се крие кај нас во ридовите на Хахила, во близина на пустинската област.“ 2#24,3Тогаш Саул стана, се спушти во пустината Зиф, и со него три илјади одбрани израелски мажи, за да го бара Давид во пустината Зиф. 3И Саул постави логор на ридот Хахила, десно од пустината, покрај патот; а Давид, кој се наоѓаше во пустината, виде дека Саул оди по него во пустината; 4и Давид испрати разузнувачи и дозна дека Саул навистина дошол. 5#14,50; 17,55; 2 Сам 2,8И стана Давид и отиде на местото, каде што Саул беше поставил логор, го виде Давид местото, каде што спиеше Саул и военоначалникот негов Авенир, синот Ниров. Саул спиеше во шаторот, а народот се беше сместил околу него. 6#2 Сам 20,6; 1 Лет 2,1Давид се сврте и им рече на Хитиецот Ахимелех и на Авеса, синот на Саруја, Јоавов брат, велејќи: „Кој ќе дојде со мене кај Саул во шаторот?“ Авеса одговори: „Јас ќе дојдам со тебе.“ 7Давид дојде со Авеса кај луѓето на Саул ноќе; и ете, Саул лежи заспан во царската кола и копјето му е забодено во земјата покрај перницата негова; а Авенир и народот лежеа околу него. 8#18,10-11; 19,9-10; 24,5.19Авеса му рече на Давид: „Денес Господ го предаде твојот непријател во рацете твои; затоа дозволи, јас ќе го приковам со копје за земјата со еден замав и нема да го повторам ударот.“ 9#24,6-7.13; 2 Сам 1,16Но Давид му рече на Авеса: „Не убивај го, зашто кој кренал рака врз помазаник Господов, а останал неказнет?“ 10Давид уште рече: „Да е жив Господ. Нека го собори Господ, или ќе дојде денот негов, и тој ќе умре, или ќе отиде во војна и ќе загине; а мене да не ми дава Господ да кренам рака врз помазаник Господов; 11#24,6.12туку да го земеме копјето негово што е покрај перницата негова, и садот со вода, па да си одиме.“ 12Давид го зеде копјето и садот со вода покрај зглавјето на Саул, и си отидоа; и никој не виде, никој не дозна и никој не се разбуди, а сите спиеја, бидејќи ги беше обзел сон од Господ. 13#24,9Премина Давид од онаа страна и застана на врвот од ридот далеку, а меѓу нив имаше големо растојание. 14И викна Давид кон народот и кон Авенир, синот Ниров, велејќи: „Авенире, јави се!“ Авенир се јави и рече: „Кој си ти што викаш и го обеспокојуваш царот?“ 15Давид му рече на Авенир: „Нели си маж, и кој е рамен на тебе во Израел? Зошто тогаш не го чуваш господарот свој, царот? Зашто доаѓаше некој од народот да го убие царот, твојот господар. 16Ти лошо правиш; се колнам во Господ! Вие заслужувате смрт, поради тоа што не го чувате господарот свој, помазаникот Господов. Види, каде е копјето на царот и садот со вода што беа покрај зглавјето негово?“ 17#24,17И Саул го позна гласот на Давид и рече: „Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?“ И Давид рече: „Мојот глас е, господаре мој, царе.“ 18#24,11-14И рече уште: „Поради што господарот мој го гони својот слуга? Што сум направил? Какво зло најде кај мене? 19А сега мојот господар и цар нека ги ислуша зборовите на својот слуга: Ако Господ те поттикнал против мене, тогаш нека му биде благопријатна жртвата твоја; ако, пак тоа го прават синовите човечки, тогаш проклети да се од Господ, бидејќи тие сега ме изгонија за да не припаѓам кон наследството Господово; велејќи: – оди и служи им на туѓи богови. 20Нека не се пролее мојата крв на земјата пред Господ, зашто царот Израелов излезе да бара една болва, како кога се брка еребица по планините.“ 21Тогаш Саул рече: „Јас згрешив; врати се, сине мој Давиде, зашто нема повеќе да ти правам зло, бидејќи денес душата ми беше скапа во твоите очи; безумно постапував јас и многу, многу згрешив.“ 22Давид му одговори и рече: „Еве го копјето на царот; нека дојде еден од младите и нека го земе; 23а Господ нека му даде секому според правдата Негова и според вистината Негова, зашто Господ те предаваше во рацете мои, но јас не посакав да кренам рака врз помазаникот Господов; 24и, како што денес ти беше скапоцен животот твој во моите очи, така нека се цени и мојот живот во очите на Господ; и нека ме спаси од секаква неволја!“ 25А Саул му довикна на Давид: „Благословен да си, сине мој Давиде; ти ќе го извршиш она што си го започнал, и бездруго ќе победиш.“ И тогаш Давид отиде по својот пат, а Саул се врати во местото свое.
Селектирано:
1 Самоилова 26: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: