1 Самоилова 6
6
Филистејците го враќаат светиот ковчег во Израел
1А ковчегот Господов остана во областа филистејска седум месеци. 2#1 Мојс 41,8; 2 Мојс 7,11; Ис 2,6; Дан 2,2; 4,3-4; 5,7-8.12И Филистејците повикаа жреци – гатачи, па рекоа: „Што да правиме со ковчегот Господов? Поучете нѐ, како да го испратиме до местото негово?“ 3#2 Мојс 23,15Тие, пак, рекоа: „Ако сакате да го испратите ковчегот на Бог Израелов, не испраќајте го без ништо, туку принесете Му жртва за вина; тогаш ќе се излекувате и ќе дознаете, зашто не отстапува од вас раката Негова.“ 4#6,17-18И тие запрашаа: „Каква жртва за вина треба да Му принесеме?“ Тие одговорија: „Според бројот на филистејските кнезови – пет златни предмети во форма на израстоци и пет златни глувци; зашто еднаков е поразот врз сите вас и врз кнезовите ваши; 5#5,3-11; Ис.Н. 7,19; Јн 9,24; Дела 12,23; Откр 14,7и така, обликувајте израстоци исти како вашите израстоци и глувци како вашите глувци што ја опустошија земјата, и воздајте Му слава на Бог Израелов; можеби Тој ќе ја направи и полесна раката Своја над вас, над боговите ваши и над земјата ваша; 6#2 Мојс 7,13.14; 8,11.28; 9,7.34; 10,1; 12,31и зошто да го ожесточувате срцето свое, како што го ожесточија срцето свое Египќаните и фараонот? Нели, кога Господ ја покажа силата Своја над нив, оние ги пуштија и овие заминаа. 7#4 Мојс 19,2; 5 Мојс 21,3; 2 Сам 6,3Па така, земете, направете една нова кола и земете две крави доилки на кои јарем уште не е ставан, и впрегнете ги кравите во колата, и телињата нивни одведете ги од нив дома! 8Потоа земете го ковчегот Господов и ставете го на колата, а златните работи што ќе Му ги принесете како жртва за вина, ставете ги во ковчеже отстрана, па пуштете го и нека оди! 9Но гледајте, ако тргне кон пределите свои, кон Ветсамис, Тој ни го направил тоа големо зло. Ако пак не, ќе знаеме дека не нѐ поразила Неговата рака, туку тоа станало со нас случајно.“ 10Така и направија: зедоа две крави доилки, ги впрегнаа во кола, а телињата нивни ги задржаа дома. 11И го ставија на колата ковчегот Господов, ковчежето со златните глувци и златните израстоци. 12И тргнаа кравите право по патот кон Ветсамис, одеа сѐ по еден пат, одеа и мукаа, но не скршнуваа ни десно, ни лево. Филистејските кнезови одеа по нив до пределите на Ветсамис. 13Жителите на Ветсамис токму го жнееја житото во долината и, откако погледнаа, го видоа ковчегот Господов и се зарадуваа, поради тоа што го сретнаа. 14#2 Сам 24,22; 1 Цар 19,21А колата дојде во нивата на бетшемешанецот Јехошуа и таму запре. Имаше таму еден голем камен, и исцепија дрва од колата, а кравите ги принесоа на Господ како жртва. 15#Ис.Н. 3,3; 2 Сам 15,24; 1 Цар 8,4Левитите го симнаа ковчегот Господов и ковчежето што беше до него, во кое се наоѓаа златните работи, и ги ставија на големиот камен; а жителите на Ветсамис Му принесоа тој ден жртви сепаленици и жртви за благодарност на Господ. 16#Ис.Н. 13,3И петте филистејски кнезови го видоа тоа и се вратија истиот ден во Екрон. 17#6,4Златните израстоци што Филистејците Му ги принесоа на Господ како жртва за вина, беа: еден за Ашдод, еден за Газа, еден за Ашкелон, еден за Гет, еден за Екрон; 18а златните глувци беа според бројот на сите филистејски градови – на петте кнезови, од укрепените градови и отворените села до големиот камен, врз кој го ставија ковчегот Господов и кој и до ден – денес се наоѓа во нивата на бетшемешанецот Јехошуа. 19#4 Мојс 4,5; 4,15.20; 2 Сам 6,6-7Господ ги казни жителите на Ветсамис, затоа што тие го видоа ковчегот на заветот. И Бог уби од нив седумдесет души. И народот тагуваше, бидејќи Господ ги удри со многу силен удар. 20#2 Сам 6,9; Мал 3,2; Пс 76,7И жителите на Ветсамис рекоа: „Кој може да стои пред Господ, пред Овој свет Бог и кај кого од нас ќе отиде Тој?“ 21И испратија пратеници кај жителите на Кирјат-Јарим да кажат: „Филистејците го вратија ковчегот Господов; дојдете и земете го кај вас!“
Селектирано:
1 Самоилова 6: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: