Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Тимотеј 1

1
Поздрав
1 # Рим 1,1; Кол 1,27 Павле, апостол на Исус Христос, по повелба на Бога нашиот Спаси­тел и Господ Исус Христос, нашата на­деж, 2#Дела 16,1; Фил 2,22; Тит 1,4до Тимотеј, вистинското чедо по ве­ра. Благодат, милост и мир од Бог Оте­цот наш и Христос Исус нашиот Гос­под!
Опомени против лажните учења
3 # Дела 20,1 Како што на тргнување за Маке­до­нија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење, 4#4,7; 6,4.20; 2 Тим 2,14; 2,16.23; 4,4; Тит 1,14; 3,9и да не се занимаваат со басни и бес­крај­ни родословија, кои повеќе предиз­викуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата. 5#1 Кор 4,4А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера. 6Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија, 7и сакаат да бидат учители по За­ко­нот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат.
Вистинската улога на Законот
8 # Рим 7,7.12 А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува. 9#Рим 1,29; Гал 5,23Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и не­покорници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци, 10#2 Кор 4,4; Откр 18,13за блудници, за мажеложници, тр­говци со робје, клетвопрестапници, ско­то­ложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука, 11#6,15; Јн 1,14; 2 Кор 4,4; 1 Сол 2,4; Тит 1,3според славното Евангелие на бла­жениот Бог, кое ми е мене доверено.
Благодарност за Божјото милосрдие
12 # Дела 9,15; Гал 1,15-16 Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, заш­то сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба, 13#Дела 3,17; 8,3мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, би­деј­ќи тоа го правев без да знам, во неверие. 14#Рим 5,20; 1 Кор 15,10Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ. 15#Лк 15,2; 19,10; 2 Птр 3,15Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас. 16Па затоа бев помилуван, за да ја по­каже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот ве­чен. 17#6,16; Рим 16,24; Кол 1,15А на Царот на вековите, на Не­рас­падливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог – нека е чест и слава во сите векови. Амин!
Да се бориш како добар војник
18 # 4,14; 6,12; 2 Тим 4,7 Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според пророштвата кои прво тебе те посочија да се бориш како добар војник потпирајќи се на нив, 19#3,9имајќи вера и добра совест, која не­кои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата; 20#1 Кор 5,5; 2 Тим 2,17; 4,14меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната за да се на­учат да не хулат.

Селектирано:

1 Тимотеј 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се