2 Летописи 10
10
Бунт на северните племиња
(1 Цар 12,1-20)
1Ровоам отиде во Сихем, зашто во Сихем се беа собрале сите Израелци, за да го изберат за цар. 2#1 Цар 11,40Кога чу за тоа Јеровоам, синот Наватов, – кој се наоѓаше во Египет, каде што беше избегал од царот Соломон, – тој се врати од Египет. 3#1 Лет 9,1Испратија да го повикаат. Дојде Јеровоам и сиот Израел, и му говореа на Ровоам вака: 4„Твојот татко ни наложи тежок јарем; ти, пак, олесни ни го тешкото ропство од татко ти и тешкиот јарем, што ни го наложи тој, и ние ќе ти служиме.“ 5Ровоам им одговори: „По три дена дојдете пак кај мене.“ И народот се разотиде. 6#Јов 8,8-9; 12,12Се посоветува царот Ровоам со старешините, што стоеја пред татко му Соломон, додека беше жив, и им рече: „Што ќе ме посоветувате да му одговорам на овој народ?“ 7Тие му одговорија: „Ако бидеш добар кон овој народ и му угодиш, ако му говориш благи зборови, тој ќе ти служи во сите дни.“ 8#2 Сам 17,14Но тој го отфрли советот, што му го дадоа старешините, па почна да се советува со младите, што беа израснале заедно со него и служеа кај него; 9па им рече: „Што ќе ми советувате да им одговорам на оние луѓе, што ми рекоа вака: ‚Олесни ни го јаремот, што ни го наложи татко ти?‘“ 10Младите, што беа израснале со него, му одговорија и рекоа: „Вака кажи им на тие луѓе, што ти рекле: ‚твојот татко ни наложи тежок јарем, ти, пак олесни ни го,‘ – вака кажи им: ‚малиот прст ми е подебел од бедрата на татко ми. 11Татко ми ви наложи тежок јарем, јас, пак, ќе го зголемам вашиот јарем; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве бијам со скорпии.‘“ 12Дојде Јеровоам и сите луѓе кај Ровоам на третиот ден, како што им беше заповедал царот, велејќи: „Дојдете кај мене пак по три дена.“ 13Тогаш царот им одговори грубо, бидејќи царот Ровоам го отфрли советот на старешините, и им говореше според советот на младите вака: 14„Татко ми ви наложи тежок јарем, јас пак ќе го зголемам; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве бијам со скорпии.“ 15И царот не го послуша народот, зашто така беше определено од Бога, за да го исполни Господ зборот Свој, што го беше изрекол преку Ахија Силомецот за Наватовиот син Јеровоам. 16Кога сиот Израел виде дека царот не го слуша, народот му одговори на царот, велејќи: „Каков дел имаме со Давид? За нас нема дел во синот Јесеев; по шаторите свои, Израелу! Сега знај го својот дом, Давиде!“ И се разотидоа сите Израелци по шаторите свои. 17А Ровоам остана цар само на синовите Израелови, што живееја во Јудините градови. 18#2 Сам 20,24Царот Ровоам го испрати Хадорам, кој беше над даноците, но Израелците го каменуваа, и тој умре. А царот Ровоам побрза да седне в кола, за да избега во Ерусалим. 19Така се одметнаа Израелците од домот Давидов и до денес.
Селектирано:
2 Летописи 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006