2 Летописи 30
30
Подготовки за празникот Пасха
1 #
1 Мојс 41,52; 2 Мојс 12,11; 4 Мојс 28,16; 1 Лет 9,1 Езекија испрати гласници по целата земја израелска и Јудеја, а напиша и писма до Ефрем и племињата на Манасија, да дојдат во домот Господов во Ерусалим, за да прослават Пасха на Господ, Бог Израелов. 2А царот и началниците и целото собрание во Ерусалим решија да прослават Пасха на вториот месец, 3#4 Мојс 9,6-13бидејќи не можеа да ја прослават кога ѝ беше времето, зашто уште немаше доволен број осветени свештеници, па и народот не се беше собрал во Ерусалим. 4Тоа му се допадна на царот и на целото собрание. 5#Суд 20,1И решија да разгласат по цел Израел, од Вирсавија до Дан, да отидат во Ерусалим да Му направат Пасха на Господ, Бог Израелов, зашто одамна не ја беа правеле, како што е наредено. 6#2 Мојс 3,6И тргнаа гласници со писма од царот и од началниците негови по целата земја израелска и Јудеја, и по заповед на царот велеа: „Деца израелски! Обратете се кон Господ, Бог Авраамов, Исаков и Израелов, и Тој ќе се сврти кон оние, што се унесреќени меѓу вас од раката на асирските цареви. 7#5 Мојс 28,25; Ер 11,10; Ез 20,18; Пс 78,8; 1 Лет 5,25И не бидете како предците ваши и браќата ваши, кои постапуваа беззаконо пред Господ, Бог на вашите предци, и Тој ги предаде за истребување, како што гледате. 8#2 Мојс 23,9; 4 Мојс 25,4Сега не бидете тврдоглави како вашите предци, покорете Му се на Господ и доаѓајте во светилиштето Негово, кое Тој го освети засекогаш; служете Му на Господ, нашиот Бог, и Тој ќе го отстрани од вас пламенот на Својот гнев. 9#2 Мојс 34,6-7; 5 Мојс 30,2-5; Ис 1,16; Ер 25,5; Ез 33,11Кога ќе се обратите кон Господ, браќата ваши и децата ваши ќе најдат милост кај оние, што ги заробиле, и ќе се вратат во оваа земја; зашто Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето од вас, ако се обратите кон Него.“ 10Гласниците одеа од град во град по земјата Ефремова и Манасиева, сѐ до Завулоновата, но им се смееја и се подбиваа со нив. 11Само некои од коленото Асирово, Манасиево и Завулоново се понизија и дојдоа во Ерусалим. 12#Ер 32,39; Ез 11,19А над Јудеја беше раката Божја, та им даде еднодушност, за да ја исполнат заповедта на царот и началниците, според словото Господово.
Празнување на Пасхата
13 #
4 Мојс 28,16
И се собра во Ерусалим многу народ, за да го празнуваат празникот на Бесквасниците пред вториот месец: собранието беше многубројно. 14#28,24; 2 Сам 15,23Па станаа и ги растурија жртвениците, што беа во Ерусалим, и сѐ, врз кое кадеа на идолите, испокршија и го фрлија во потокот Кедрон, 15го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од вториот месец. Свештениците и левитите, посрамени, се осветија и принесоа сепаленица во домот Господов, 16и застанаа по своите места, според уредбата своја, по законот на Мојсеј, Божјиот човек. Свештениците оросуваа со крв, земајќи ја од рацете на левитите. 17А бидејќи во собранието имаше мнозина кои не се беа осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господ. 18#2 Мојс 12,43-49; 4 Мојс 9,6-10Мнозина од народот, повеќето од племето Ефремово и Манасиево, Исахарово и Завулоново, не се очистија; но и тие јадеа Пасха, непрописно. 19Но Езекија се помоли за нив и рече: „Благиот Господ да му прости на секого, кој го расположил срцето свое да Го бара Господ Бог, Бог на своите предци, макар и без свештено очистување.“ 20И Господ го послуша Езекија и му прости на народот. 21#2 Мојс 12,15.17Така синовите Израелови, кои беа во Ерусалим, го извршија празникот на Бесквасниците седум дена со голема веселба; секој ден левитите и свештениците Го славеа Господа со свирки, нагласени за славословување на Господ. 22И говореше Езекија според срцето на сите левити, кои знаеја добро да Му служат на Господ. И ја јадеа празничната жртва седум дена, принесувајќи свечени жртви и славејќи Го Господ, Бог на своите предци.
Празнувањето продолжува
23И целото собрание реши да празнува уште седум дена, и ги поминаа тие седум дена во веселба, 24зашто Езекија, цар јудејски, дотера за собраните илјада телиња и десет илјади ситен добиток, кнезовите му подарија на собранието илјада телиња и десет илјади ситен добиток; тогаш веќе се осветија голем број свештеници. 25#11,16-17; 15,9; 1 Цар 8,5; Езд 6,17И се веселеа сите собрани од Јудеја, свештеници и левити, и целото собрание, надојдено од Израел, и дојденците што беа дошле од израелската земја и кои живееја во Јудеја. 26И стана голема веселба во Ерусалим, зашто од дните на Соломон, син Давидов, цар израелски, не се случи такво нешто во Ерусалим. 27#2 Мојс 39,43; 3 Мојс 9,22-23Тогаш станаа свештениците и левитите и го благословија народот; и нивниот глас беше чуен од Господ, и молитвата нивна се вознесе до небесата, во светото Негово живеалиште.
Селектирано:
2 Летописи 30: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006