2 Летописи 9
9
Славата на Соломон и савската царица
(1 Цар 10,1-13)
1 #
1 Мојс 10,7; Ез 23,42; Мт 12,42; Лк 11,31 Савската царица, кога чу за славата Соломонова, дојде во Ерусалим да го испита Соломон со гатанки; дојде со многу големо богатство и камили, натоварени со благопријатни мириси, многу злато и скапоцени камења. Дојде кај Соломон и говореше со него сѐ што ѝ беше на срце. 2Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и не се најде ништо непознато за Соломон, што не можеше да ѝ го објасни. 3#1 Цар 5,12Царицата од Сава, откако ја виде мудроста на Соломон и домот, што тој го беше изградил, 4и јадењата на трпезата негова, и живеалиштата на слугите негови, состојбата на прислужниците негови и облеката нивна, пехарниците и облеката нивна, и одот, со кој тој влегуваше во домот Господов, – остана без здив! 5Тогаш таа му рече на царот: „Вистина е она што го бев слушала за твоите дела и за твојата мудрост; 6но јас не верував на нивните зборови сѐ додека не дојдов и не видов со очите свои. И еве, ни половината не ми е кажано за твојата голема мудрост: ти ја надминуваш приказната, што сум ја чула. 7Блажени се твоите луѓе, блажени се тие твои слуги, кои секогаш стојат пред тебе и ја слушаат мудроста твоја! 8#1 Цар 2,12; 1 Лет 17,14Нека е благословен Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Својот престол за цар пред Господ, твојот Бог. Поради љубовта на твојот Бог кон Израел, за да го зацврсти засекогаш, Тој те постави за цар над него, – да делиш суд и правда.“ 9Потоа таа му подари на царот сто и дваесет кикари злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења: немаше нигде такви мириси, какви што савската царица му подари на Соломон. 10Но и слугите Хирамови и слугите Соломонови, кои го донесоа златото од Офир, донесоа и црвено дрво и скапоцени камења. 11Царот од тоа црвено дрво направи скали за домот Господов и за царскиот дом, и лири и харфи за пејачите. Такво нешто не беше видено пред тоа во земјата јудејска. 12А царот Соломон ѝ даде на царицата од Сава, сѐ што посака и побара, освен такви работи, какви што таа му беше донела. Потоа таа се врати во својата земја со слугите свои.
Богатството на Соломон
(1 Цар 10,14-25)
13Златото, што му доаѓаше на Соломон во текот на една година, по мерка изнесуваше шестотини и шеесет кикари. 14#Ер 25,24; Ез 27,21Освен тоа, донесуваа уште и поданици и трговци, и сите цареви арапски и обласни началници му донесуваа злато и сребро на Соломон. 15И направи царот Соломон двесте големи штита од ковано злато – по шестотини шекели злато за секој штит, – 16#1 Цар 7,2и триста помали штита од ковано злато – по триста шекели злато за секој штит; и царот ги постави во домот од леванонско дрво. 17#1 Цар 22,39Царот направи и голем престол од слонова коска, и го обложи со чисто злато, 18и шест скалила до престолот и златно подножје, изградено заедно со престолот, и потпирки од двете страни на седиштето, и два лава, што стојат до потпирките. 19И уште дванаесет лава што стоеја таму од двете страни на шесте скалила. Таков престол немаше во ниедно царство. 20Сите садови од кои пиеше царот Соломон беа од злато, и сите садови во домот од леванонско дрво беа од чисто злато; од сребро немаше ништо, зашто среброто во Соломоновото време не се ценеше многу. 21Царските кораби одеа во Тарсис со слугите Хирамови и секои три години корабите се враќаа од Тарсис, па донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни. 22#1 Цар 3,13Така царот Соломон ги надмина сите земни цареви по богатство и по мудрост. 23Сите земни цареви сакаа да го видат Соломон, за да ја слушнат мудроста негова, која Бог ја беше внел во срцето негово. 24#Ис 18,7И секој од нив донесуваше со себе дар: сребрени садови и златни садови, облека, оружја, благопријатни мириси, коњи и маски – секоја година. 25#1 Сам 8,11Соломон имаше четири илјади стаи за коњи и коли и дванаесет илјади коњаници; ги беше населил по градовите со бојни коли и кај себе – во Ерусалим. 26#1 Мојс 15,18-21; Пс 72,8-9Владееше над сите цареви – од реката Еуфрат до филистејската земја и до египетските предели. 27Царот направи и златото и среброто во Ерусалим да бидат еднакво вредни со обичните камења, а кедрите, поради нивното множество, ги направи еднакво вредни со смоквите по полињата. 28Коњи Соломон увезуваше од Египет и од сите земји.
Осврт на Соломоновото царување
(1 Цар 11,41-43)
29 #
1 Цар 11,29.41; 2 Сам 7,2 Другите дела Соломонови, први и последни, опишани се во записите на пророкот Натан и пророштвото на Силомецот Ахија и во виденијата на јасновидецот Једо за Јеровоам, Наватовиот син. 30Соломон царуваше во Ерусалим над сиот Израел четириесет години. 31#1 Цар 2,10Почина Соломон кај своите предци, и го погребаа во градот на татко му Давид. А место него стана цар синот негов Ровоам.
Селектирано:
2 Летописи 9: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: