2 Коринтјаните 4
4
Христос е присутен во апостолското служење
1 #
Рим 1,16
Затоа, бидејќи по милоста Божја го имаме ова служење, ние со духот не паѓаме; 2#1 Сол 2,4-5но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога. 3#2 Сол 2,10Ако, пак, е и покриено нашето Евангелие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат: 4#Рим 8,29; 2 Сол 2,11за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благовестието за славата на Христос, Кој е слика на (невидливиот) Бог. 5Зашто ние самите себе не се проповедаме, туку Христос Исус Господ; што се однесува, пак, до нас, ние сме ваши слуги поради Исус. 6#3,18; 1 Мојс 1,3; Ис 9,1; Јн 8,12; Рим 3,23; Ефес 1,18; Евр 1,3; 1 Птр 2,9Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло. 7#12,9Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас. 8#1,8; 6,4-10; 7,5; 1 Кор 4,9-13Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не губиме надеж; 9#1 Кор 15,31; Фил 3,10нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме. 10#Пс 116,10; Кол 1,24И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше. 11#1 Кор 15,31Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исус, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело. 12Така смртта дејствува во нас, а животот – во вас. 13#Пс 116,10А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „Поверував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме, 14#Рим 1,4; 8,11бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ воскресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас. 15#1,11Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја.
Увереност во воскресението пред стравот од смртта
16 #
Рим 7,22; Кол 3,9 Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува. 17#Мт 5,11-12; Рим 8,17-18; Евр 12,11; 1 Птр 1,6Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу пообилна и вечна тежина на славата, 18#5,7; Рим 8,24-25; Кол 1,16; Евр 11,1.3зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно.
Селектирано:
2 Коринтјаните 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: