2 Царевите 25
25
Навуходоносор го опсадува Ерусалим
(Ер 39,1-7; 52,3-11)
1 #
Ер 39,1-10
#
Ер 21,1-10; 34,1-5; Ез 4,1-3; 24,1-2 Во деветтата година од царувањето свое, во десеттиот месец, на десеттиот ден од месецот, вавилонскиот цар Навуходоносор дојде со сета своја војска пред Ерусалим, го опседна и направи околу него опкоп. 2И градот стоеше во опсада до единаесеттата година од владеењето на царот Седекија. 3На деветтиот ден од четвртиот месец гладот се засили во градот, и народот немаше леб. 4Градот беше преземен, и сите воени лица избегаа ноќе по патот кон портите, меѓу двата ѕида што се до царската градина; а Халдејците стоеја околу градот, и царот отиде по патот кон рамнината. 5Халдејската војска се спушти по царот и го стигна во Ерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него. 6Тогаш го фатија царот, го одведоа кај вавилонскиот цар во Ривла и извршија над него суд; 7#Ез 12,13синовите на Седекија ги заклаа пред очите негови, а на Седекија му ги избодеа очите, го оковаа во окови и го одведоа во Вавилон.
Освојување на Ерусалим. Второ прогонство
(2 Лет 36,17-21; Ер 39,8-10; 52,12-30)
8 #
Ер 52,12-27
#
Ез 33,21
На петтиот месец, на седмиот ден од месецот, односно во деветнаесеттата година од владеењето на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде Невузардан, заповедник на телохранителите, слуга на вавилонскиот цар, во Ерусалим 9#1 Цар 9,8и го изгоре домот Господов и царскиот дом, и сите куќи во Ерусалим, и сите големи куќи ги изгоре со оган; 10и ѕидовите околу Ерусалим беа урнати од халдејската војска што беше со заповедникот на телохранителите. 11#15,29А другиот народ што беше останал во градот, и одметниците, кои му се предале на вавилонскиот цар, а и другиот народ ги исели Невузардан, заповедникот на телохранителите. 12Само малкумина од сиромасите на оваа земја заповедникот на телохранителите ги остави за работници во лозјата и за земјоделци. 13И бронзените столбови во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море во домот Господов Халдејците го испокршија и ја однесоа бронзата нивна во Вавилон; 14и котлите, и лопатките, и штипките, и лажиците, и сите бакарни садови што се употребуваа во службата, ги кренаа; 15и кадилниците, и садовите, – сѐ што имаше златно, и сѐ што имаше сребрено, го зеде заповедникот на телохранителите; 16столбови два, море едно, и подножјата што Соломон ги беше направил во домот Господов, – бронзата во сите тие работи немаше мерка. 17Едниот столб беше висок осумнаесет лакти, главата му беше од бронза, а висината на главата – три лакти, и мрежата на наровите околу главата – сето тоа беше од бронза. Тоа исто го имаше и другиот столб со мрежата. 18Заповедникот на телохранителите го зеде првосвештеникот Сераја, заменикот-првосвештеник Софонија и тројца свештеници-вратари. 19Од градот тој зеде еден дворски човек, кој беше заповедник на воените лица, и петте души што стоеја пред царското лице и се наоѓаа во градот, и главниот писар на војската што го запишуваше во војската народот на земјата, и шеесет души од народот на земјата, кои се наоѓаа во градот. 20Ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе кај вавилонскиот цар во Ривла. 21И вавилонскиот цар ги порази и ги погуби во Ривла, во земјата Хамат. И Јудејците беа иселени од земјата своја.
Годолија, управник на Јудината земја
(Ер 40,7–41,18)
22А над народот, оставен во јудејската земја, вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за управник Годолија, синот на Ахикам, Сафанов син. 23#Ер 40,7-9Кога сите војсководци, тие и луѓето нивни, слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил за управник Годолија, дојдоа кај Годолија во Мицпа: Исмаил, синот на Нетанија, Јоханан, син на Кареах, Сераја, син на Танхусмет од Нетофа, и Јаазанјаху од Мааха, тие и луѓето нивни. 24#18,31-32И им се заколна Годолија, ним и на луѓето нивни, и им рече: „Не плашете се што ќе бидете потчинети на Халдејците; населувајте се во земјата, служете му на вавилонскиот цар и ќе ви биде добро.“ 25#Ер 41,1-2Но во седмиот месец дојде Исмаил, синот на Нетанија, Елишамаев син, од царски род, со десет души, го порази Годолија, и тој умре, а и Јудејците, и Халдејците што беа во Мицпа. 26Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војсководците, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Халдејците.
Царот на Вавилон му благодари на Јехониј
(Ер 52,31-34)
27 #
Ер 52,31-34
Во триесет и седмата година од преселувањето на јудејскиот цар Јехониј, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од месецот, вавилонскиот цар Евил-Меродах, во годината на зацарувањето свое, го изведе од затвор јудејскиот цар Јехониј, 28говореше со него пријателски и го постави престолот негов погоре од престолот на царевите што беа пред него во Вавилон; 29и му ја смени затворската облека негова; и секогаш Јехониј јадеше со него, во сите дни на животот свој. 30За постојана издршка, му се даваше на царот, секој ден, во сите дни на неговиот живот.
Селектирано:
2 Царевите 25: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006