2 Петар 2
2
Треба да се пазиме од лажни и порочни учители
(Јуда 1,4-13)
1 #
5 Мојс 13,2-6; Мт 24,24; Мк 13,21-23; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1 А во народот имаше и лажни пророци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел. 2#Дела 9,2; Рим 2,24И мнозина ќе појдат по нивните нечистотии, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен. 3#Ис 52,5; Јуда 1,4И, побудувајќи ве од користољубивост, ќе ве привлекуваат со ласкави зборови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме. 4#Мт 8,29; Јуда 1,6Зашто Бог, кога не ги поштеди ангелите што згрешија, туку ги фрли во пеколот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот; 5#1 Птр 3,20и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семејство на Ное, проповедникот на правдата; 6#1 Мојс 19; Мт 10,15; Јуда 1,7и градовите Содом и Гомора ги осуди на разурнување и ги претвори во пепел, оставајќи ги како пример на идните безбожници, 7#Лк 17,29а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот. 8Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја измачуваше својата праведна душа; 9#1 Кор 10,13; 2 Сол 1,5-10; Јуда 1,6значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден; 10#Јуда 1,7-8а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта, 11#Јуда 1,9но дури ни ангелите, кои се поснажни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ. 12#Пс 49,12-14; Јуда 1,10А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат, 13#Јуда 1,12добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас; 14имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат неутврдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството! 15#4 Мојс 22,7; Јуда 1,11; Откр 2,14-15Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака плата за вршење неправда, 16#4 Мојс 22,28но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот. 17#Јуда 1,12-13Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е резервиран мракот на темнината засекогаш. 18#Јуда 1,16Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и нечистотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда. 19#Јн 8,34; Рим 6,16-17Им ветуваат слобода кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува. 20#Мт 12,45Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото! 21#1 Кор 11,2; Јуда 1,3За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена. 22#Изреки 26,11; Лк 12,47-48Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица“ и „Искапената свиња – во калта.“
Селектирано:
2 Петар 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: