Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 12

12
Натан му ја објавува на Давид казната Божја
1 # Суд 6,8; 1 Цар 21,17 Господ го испрати Натан пророкот кај Давид, и тој отиде кај него и му рече: „Во еден град имаше двајца мажи – едниот богат, а другиот сиромав; 2богатиот имаше мошне многу ситен и крупен добиток, 3а сиромавиот немаше ништо, освен една овчичка што ја беше купил мала и ја отхрани, и таа беше пораснала кај него заедно со неговите деца; таа јадеше од неговиот леб, пиеше од неговата чаша, спиеше на неговите гради и му беше како ќерка; 4кај богатиот човек дојде еден странец; и нему не му беше по волја да земе од овците или од воловите свои за да зготви ручек на странецот, кој беше дошол кај него, туку ја зеде овчичката на сиромавиот и му ја приготви неа на човекот што беше дошол кај него.“ 5Давид многу се разгневи против тој човек и му рече на Натан: „Жими Господ! Смрт заслужува оној човек што го направил тоа; 6#2 Мојс 21,37; Лк 19,8и за овчичката тој треба да плати четворно, зашто го направил тоа и затоа што немал милост.“ 7#7,8-9; 1 Сам 15,17; 16,13Тогаш Натан му кажа на Давид: „Ти си оној човек што го изврши тоа. Така говори Господ, Бог Израелов: ‚Јас те помазав за цар над Израел, те спасив од рацете Саулови, 8ти го дадов домот на твојот господар и жените на господарот твој во твоја прегратка, ти го дадов домот Израелов и Јудин и, ако ти е тоа малку, би ти придал уште повеќе; 9#1 Сам 15,19а ти зошто го презре зборот на Господ, извршувајќи зло пред очите Негови? Урија Хитиецот го нападна со меч, жената негова ја зеде за своја же­на, а него го уби со мечот на Амонците; 10#13,28-29; 15–18; 1 Цар 2,24-25затоа мечот нема никогаш да се оттргне од твојот дом засекогаш, бидејќи ти Ме презре и ја зеде жената на Хитиецот Урија за да биде твоја жена.‘ 11#16,22Така говори Господ: ‚Ете, јас ќе подигнам зло против твојот дом, ќе ги земам твоите жени пред очите твои и ќе ги дадам на ближниот твој, и тој ќе спие со твоите жени под ова сонце; 12#11,4-15ти го изврши тоа тајно, Јас, пак, ќе го извршам пред целиот Израел среде бел ден.‘“ 13#24,10.17; 1 Сам 15,24Тогаш Давид му рече на Натан: „Згрешив пред Господ.“ А Натан му кажа на Давид: „И Господ го симна од тебе гревот твој; ти нема да умреш; 14#Ис 52,5; Рим 2,24но бидејќи со тоа им даде повод на непријателите Господови да Го хулат, затоа синот што ти се роди, ќе умре.“ 15#1 Сам 25,38Натан отиде во домот свој. И Господ го погоди детето што му го беше родила на Давид Уриевата жена, и тоа се разболе.
Смртта на детето на Витсавеја
16 # 13,31; 1 Цар 21,27; Дан 9,3; Неем 1,4 Давид Му се молеше на Бога за детето, постеше Давид и осамен ја мина ноќта, легна на земја. 17#3,35И влегоа кај него старешините на домот негов, да го кренат од земјата, но тој не сакаше и не јадеше леб со нив. 18На седмиот ден детето умре, и слугите Давидови се плашеа да му соопштат дека детето умрело; зашто си мислеа тие, кога детето беше уште живо, и ние му прозборувавме, а тој не го слушаше гласот наш, како ќе му кажеме: „Детето умре.“ Тој ќе стори нешто лошо. 19Виде Давид дека слугите негови се дошепнуваат, и разбра дека детето умрело, па ги праша слугите: „Умре ли детето?“ Тие му одговорија: „Умре.“ 20Тогаш Давид стана од земјата, се изми, се помаза, се преоблече и отиде во домот Господов и се молеше. Кога се врати дома, побара да му донесат леб и јадеше. 21И го запрашаа слугите негови: „Што значи тоа што постапуваш така? Додека детето уште беше живо, ти постеше и плачеше, и не спиеше; а откако умре детето, ти стана и јадеш леб и пиеш.“ 22#Ис 38,1.5; Јона 3,9Давид им одговори: „Додека детето беше живо, јас постев и плачев, бидејќи мислев: кој знае, нема ли да се смили над мене Господ и нема ли детето да остане живо? 23#1 Мојс 37,35; Јов 7,8-10А сега е умрено; зошто да постам? Зар можам да го вратам? Јас ќе отидам кај него, тоа нема да се врати кај мене.“
Раѓањето на Соломон
24 # 1 Мојс 4,25; 5,29; 38,3; 1 Лет 22,9; Мт 1,6 И Давид ја утеши својата жена Витсавеја, и влезе кај неа и спиеше со неа; таа зачна и роди син, кому му даде име Соломон. И Господ го засака; 25и го испрати пророкот Натан, и тој го нарече: Једидија#12,25 Сакан од Господ, според словото Господово.
Давид ја освојува Рава
26 # 1 Лет; 20,1-5 Јоав војуваше против Рава Амон­ска и туку-речи го презеде тој царски град. 27Испрати Јоав гласници да му кажат на Давид: „Јас ја нападнав Рава и ја освоив водата на градот; 28сега собери го другиот народ и тргни кон градот, и преземи го; за­што, ако го преземам јас, ќе му се даде моето име.“ 29Давид го собра сиот народ, тргна кон градот Рава, војуваше против него и го презеде. 30Давид ја зеде круната на нивниот цар од главата негова, – а во неа има­ше талант злато и скапоцен камен, – и ја стави Давид на својата глава, и однесе од градот многу голем плен. 31А народот што беше во него, го изведе и му наложи да работи со пи­ли, со железни гребла и со железни секири, или пак ги испрати да печат тули. Така постапи тој со сите амонски градови. Потоа Давид се врати со сиот народ во Ерусалим.

Селектирано:

2 Самоилова 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се