Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 2

2
1 # 1 Сам 23,2.4; 23,9-12 Потоа Давид Го праша Господа, велејќи: „Да одам ли во некој од Јудините градови?“ И Господ му рече: „Оди.“ Давид пак праша: „Каде да одам?“ И Тој му рече: „Оди во Хеврон.“ 2#3,2-3; 1 Сам 27,3; 30,5И Давид отиде таму со двете жени свои: јизреелката Ахиноам и карме­литката Авигеја, бившата Навалова жена. 3Давид ги одведе и луѓето што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон. 4#5,3-5; 1 Сам 31,11-13; 1 Цар 5,15И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давид за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давид дека жите­лите од Јавеш Галаадски го погребале Саул. 5И Давид испрати гласници до жителите на Јавеш Галаадски да им кажат: „Благословени да сте пред Гос­под, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саул, и што сте го погребале; 6и Господ нека ве награди со ми­лост и верност; и јас ќе ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова. 7А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господа­рот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар.“
Ишбошет поставен цар на Израел
8 # 1 Сам 14,50 Но Авенир, син на Нир и началник над Сауловата војска, го зеде Ишбошет, Сауловиот син, го одведе во Маханаим, 9и го постави за цар над Галаад, Ашур и Јизреел, над Ефрем и Венија­мин и над сиот Израел. 10#1 Сам 13,1А Ишбошет, Сауловиот син, беше на четириесет години, кога се зацари над Израел, и царуваше две години. Само Јудиниот дом остана со Давид. 11#5,5Давид царуваше во Хеврон над Јудиниот дом, за време од седум години и шест месеци.
Битката помеѓу Јуда и Израел во Гаваон
12Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Ишбошет, од Маханаим во Гаваон. 13#1 Лет 2,16Излезе и Јоав, синот на Саруја, со Давидовите слуги и се сретнаа кај Га­ваонскиот Поток, и застанаа еден од едната страна на потокот, а другиот – од другата страна на потокот. 14#1 Сам 17,8А Авенир му рече на Јоав: „Нека станат момците и нека се борат пред нас.“ И Јоав рече: „Нека станат.“ 15И станаа, та отидоа дванаесет Венијаминци од страната на Ишбо­шет, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги. 16И тие се фатија еден со друг за главите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Цурим, а се наоѓа во Гаваон. 17И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со израелските луѓе беше победен од Давидовите слуги. 18#1 Лет 2,16Таму беа тројца синови на Саруја: Јоав, Авеса и Асаил. А Асаил беше со лесни нозе, како срна во полето. 19Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, без да скршне ни десно, ни лево од стапките на Авенир. 20Авенир се сврте назад и рече: „Ти ли си, Асаиле?“ Тој одговори: „Јас сум.“ 21И Авенир му рече: „Скршни десно или лево, избери си еден од момците и земи го неговото оружје.“ Но Асаил не сакаше да го остави. 22#3,27.30И Авенир повторно му рече на Асаил: „Остави ме, да не те соборам на земја; со какво лице тогаш ќе се јавам пред братот твој Јоав?“ 23Но оној не сакаше да отстапи. То­гаш Авенир го сврте копјето и го прободе во стомакот; копјето мина низ него, и тој падна таму и умре на местото. Сите што минуваа низ тоа место, каде што беше паднал и умрел Асаил, застануваа. 24Јоав и Авеса го гонеа Авенир. Сонцето веќе беше зајдено кога стигнаа до ридот Ама, спроти Гијах, на патот за Гаваонската пустина. 25А Венијаминовите синови се соб­раа околу Авенир и образуваа чета и застанаа на врвот од еден рид. 26И Авенир извика кон Јоав и рече: „Вечно ли меч ќе нѐ проголтува? Зарем не знаеш, крајот ќе биде горчлив? И кога ќе им кажеш на луѓето да прес­танат да ги гонат браќата свои?“ 27А Јоав рече: „Се колнам во Бога! Ако ти не проговореше, луѓето без престанок ќе ги гонеа браќата свои сѐ до изутрината.“ 28И Јоав затруби со труба и сиот народ застана, и повеќе не ги гонеа Израелците; битката престана. 29Авенир, пак, и луѓето негови врвеа преку полето целата ноќ, го преминаа Јордан, минаа преку целиот Битрон и стигнаа во Маханаим. 30Се врати и Јоав од гонењето на Авенир и го собра сиот народ, а од Да­видовите слуги, освен Асаил, недо­сти­гаа деветнаесет души. 31А Давидовите слуги убија од Венијаминовите и Авенировите луѓе, триста и шеесет души. 32И го зедоа Асаил и го погребаа во Витлеем, во гробот на татко му. А Јоав со луѓето свои одеше цела ноќ и во зорите стигна во Хеврон.

Селектирано:

2 Самоилова 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се