Дела 15
15
Расправа околу прашањето за обрезанието
1 #
15,5-24; 1 Мојс 17,9-14; 3 Мојс 12,3; Гал 5,2 А некои луѓе слегоа од Јудеја, и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според обичајот Мојсеев, не може да бидете спасени!“ 2#Гал 2,1А бидејќи настана бунт, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, одлучија Павле и Варнава и некои други од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка. 3#14,27; 15,12Тие, пак, испратени од црквата, патуваа низ Феникија и Самарија, и раскажувајќи за обраќањето на незнабошците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа. 4А кога пристигнаа во Ерусалим, ги примија црквата, апостолите и старешините, а тие известија за сѐ што направи со нив Бог#15,4 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: „и како ја отвори вратата на верата и за незнабошците.“.
Решавање на спорот: Апостолскиот собор во Ерусалим
5 #
11,2; Гал 2,4-5 Тогаш станаа некои од приврзаниците на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезуваат, и да им се заповеда да го пазат Законот Мојсеев. 6Апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа прашање. 7#11,5-18; 15,14По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе браќа, вие знаете дека Бог од првите дни ме избра меѓу вас, незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на Евангелието и да поверуваат; 8#1,24; 10,34.44-47и Бог, Кој ги познава срцата, им посведочи, и им даде Дух Свети како и нам. 9#10,15; 11,9.18; Рим 3,22Тој не направи никаква разлика меѓу нас и нив, зашто со верата ги очисти нивните срца. 10#Мт 11,29; Гал 5,1Сега, пак, зошто Го искушувате Бога, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, ниту ние. 11Но ние веруваме дека ќе се спасиме со благодатта на Исус Христос, исто како и тие.“ 12Тогаш замолкна сето мноштво и го слушаа Варнава и Павле, кои прикажуваа какви знаци и чудеса направил Бог преку нив меѓу незнабошците. 13#12,17; 21,18; Гал 2,9А кога тие престанаа, тогаш прозборе Јаков и рече: „Мажи браќа, слушнете ме! 14#2 Птр 1,1Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, за да избере од нив народ за Неговото име; 15и со тоа се согласуваат и зборовите на Пророците како што е напишано: 16#Амос 9,11-12#Ер 12,15‚И потоа ќе се вратам и пак ќе го подигнам паднатиот дом на Давид, и неговите урнатини ќе ги поправам и ќе го издигнам, 17за да Го побараат Господ и другите луѓе и сите народи, кои се наречени со Моето име.‘ Така вели Господ, Кој го прави сето ова. 18#Ис 45,21Познати Му се на Бога сите Негови дела од создавањето на светов. 19#15,10Затоа јас мислам дека не треба да им прават мачнотии на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога, 20#15,28-29; 21,25туку да им се заповеда да се воздржуваат од идолски жртви, од блудство, од удавено и од крв, (и да не му прават на друг ништо, што ним не им е угодно). 21#13,15.27; 2 Кор 3,5Зашто Мојсеј уште од старо време во секој град има луѓе, кои го проповедаат, бидејќи го читаат по синагогите секоја сабота.“
Писмо испратено до нееврејските верници
22Тогаш апостолите и старешините заедно со целата Црква одлучија да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Варнава, и Сила, истакнати мажи меѓу браќата, и заедно со Павле и Варнава да ги пратат во Антиохија. 23И со своите раце им го напишаа следново писмо: „Апостолите, свештениците и браќата ги поздравуваат браќата од нееврејските народи што се во Антиохија и Сирија и Киликија. 24#Гал 1,7Сме слушнале дека некои од нас, на кои ништо не сме им заповедале со зборови, ве вознемириле, и ги потресле душите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот. 25Затоа, откако се собравме, еднодушно одлучивме да избереме луѓе и да ги пратиме кај вас заедно со нашите омилени Варнава и Павле, 26#20,24; 21,13луѓе, кои ги предадоа душите свои за името на нашиот Господ Исус Христос. 27И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и усмено. 28#15,10Зашто Светиот Дух и ние одлучивме да не ви ставаме на вас никаков друг товар, освен она што е потребно: 29#15,20да се воздржувате од месо принесено како жртва на идоли, од крв, од удавено, и од блудство#15,29 Во некои ракописи е додадено во продолжение: „и да не му правите на друг она што не сакате и вам да ви се случи.“. Ако внимавате на ова, добро ќе направите. Бидете здрави!“ 30И така испратени, тие дојдоа во Антиохија и кога го собраа народот, му го предадоа посланието. 31А кога го прочитаа, се зарадуваа поради утешниот збор. 32Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија. 33Откако престојуваа таму некое време ги пуштија браќата со мир кај оние што ги испратија. 34(Сила одлучи да остане, а само Јуда замина.)#15,34 Овој стих не се јавува во некои ракописи. 35Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестувајќи го словото Господово заедно со мнозина други.
Павле и Варнава се разделуваат
36По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите градови, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како живеат.“ 37#12,12Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко. 38Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени. 39Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар; 40#14,26а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата благодат.
Тимотеј ги придружува Павле и Сила
41 #
15,23
И, минувајќи низ Сирија и Киликија, ги утврдуваше црквите.
Селектирано:
Дела 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: