Дела 17
17
Неволјите во Солун
1Минувајќи преку Амфипол и Аполонија, дојдоа во Солун, каде што имаше јудејска синагога. 2#13,14Павле, по својот обичај, влезе кај Јудејците и три саботи по ред им зборуваше од Писмото. 3#9,20; 18,5; 26,23; Лк 24,26Тој им објаснуваше и докажуваше дека Христос требаше да пострада и да воскресне од мртвите и дека овој Исус, Кого тој им Го проповеда, е Христос. 4#13,43; 28,24И некои од нив поверуваа и се присоединија кон Павле и Сила, – големо мнозинство богобојазливи Елини, а исто така и не малку угледни жени. 5#13,45; 1 Сол 2,15Но некои од Јудејците што не поверуваа, поттикнати од завист, зедоа некои лоши луѓе од пазарите, се насобраа по групи и го разбунтуваа градот. Потоа ја нападнаа Јасоновата куќа и почнаа да ги бараат за да ги изведат пред народот. 6#16,20; 24,5; Рим 16,21А бидејќи не ги најдоа, го изведоа Јасон и некои браќа пред градските началници и викаа дека оние што го побуниле целиот свет сега дошле и тука, дека нив 7#25,8ги прибрал Јасон, а сите тие постапуваат против заповедите на царот, изјавувајќи дека има друг цар – Исус. 8Така го вознемирија народот и градските началници, кои го слушаа тоа. 9Но тие, откако добија залог од Јасон и од другите, ги пуштија.
Добар прием во Верија
10 #
13,14
А браќата веднаш преку ноќта ги упатија Павле и Сила кон Верија. Тие кога пристигнаа, отидоа во јудејската синагога. 11Овие беа поблагородни од солунјаните; тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го проверуваа Писмото, за да се уверат, дали е тоа така. 12#17,34И мнозина од нив поверуваа – од Елините не мал број угледни мажи и жени. 13Но солунските Јудејци, штом дознаа дека Павле и таму го проповеда словото Божјо, дојдоа и таму за да го потресат и вознемират народот. 14Тогаш браќата го испратија Павле да оди кон морето, а Сила и Тимотеј останаа таму. 15Оние, што го придружуваа Павле, го доведоа до Атина и се вратија со заповед од него до Сила и Тимотеј, да дојдат и тие поскоро кај него.
Павле и атинските филозофи
16И додека ги чекаше нив во Атина, духот на Павле се вознемируваше, гледајќи го градот, полн со идоли. 17И тој расправаше во синагогата со Јудејците и побожните, и секој ден на плоштадот со оние што ќе ги сретнеше. 18#1 Кор 1,22А некои епикурејски и стоички филозофи почнаа да се препираат со него; едни велеа: „Што сака да каже овој празнословец?“, а други: „Се чини дека тој проповеда туѓи божества“, зашто им благовестеше за Исус и за воскресението. 19#28,22И зедоа, та го одведоа на Ареопагот, велејќи: „Ќе можеме ли да знаеме какво е тоа учење што го проповедаш? 20Бидејќи нешто непознато внесуваш во ушите наши. Затоа сакаме да знаеме што е тоа.“ 21А, пак, сите атињани, како и туѓинците, кои живееја кај нив, во ништо друго не сакаа да го поминуваат времето освен во тоа да зборуваат или да слушаат за нешто ново. 22Тогаш Павле застана сред Ареопагот и рече: „Луѓе атињани, по сѐ гледам дека сте побожни. 23#3,17; Гал 4,8Зашто, кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жртвеник, на кој беше напишано: ‚На непознатиот Бог.‘ За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Него јас ви проповедам. 24#4,24; 7,48; 19,26; 1 Цар 8,27; Ис 66,1-2; Пс 146,6Бог, Кој го создаде светов и сѐ, што е во него; Тој, Кој е Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворени храмови, 25#Ис 42,5ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, здив и сѐ. 26#14,17Од една крв го создаде сиот род човечки за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и граници на нивните живеалишта, 27#Ис 55,6за да Го бараат Господа, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого меѓу нас: 28#Рим 1,19-20зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: ‚Негов род сме.‘ 29#Ис 40,18-20И така, бидејќи род Божји сме, не треба да мислиме дека Божеството прилега на злато, или сребро, или камена творба што излегла од човечки ум и измислица. 30Бог, пак, не осврнувајќи се на времињата на незнаење, сега редум им заповеда на сите луѓе да се покаат, 31#10,42; 1 Сол 1,10зашто определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите со Неговото воскресение од мртвите.“ 32#1 Кор 1,23Кога чуја за воскресението од мртвите, едни се насмеаја, а други рекоа: „Другпат сакаме да послушаме за тоа.“ 33И тогаш Павле си отиде од нив. 34А некои луѓе се присоединија кон него и поверуваа. Меѓу нив беше Дионисиј Ареопагит и една жена, по име Дамара, и други со нив.
Селектирано:
Дела 17: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006