Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 20

20
Патувањето на Павле во Македонија и Грција
1 # 2 Кор 2,12-13 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и, откако им даде упатства, се прости со нив и тргна на пат кон Македонија. 2А кога ги мина оние места и им даде многу упатства на верните, тој прис­тиг­на во Грција; 3#21,27; 23,12-22; 1 Кор 16,5-7; 2 Кор 2,12-13таму остана три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против не­го, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија. 4До Азија го придружуваше Соси­па­тар Пиров од Верија а од солунјаните Аристарх и Секунд, Гај од Дерва и Ти­мотеј, и азијците Тихик и Трофим. 5Тие отидоа порано и нѐ чекаа во Троада. 6#21,4; 28,14А ние отпловивме од Филипи по дните на Бесквасници и за пет дена пристигнавме во Троада кај нив, каде што поминавме седум дена.
Чудото со Ефтих во Троада
7И во првиот ден на седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи сло­вото до полноќ. 8Во горната одаја, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки. 9А едно момче, по име Евтих, седеше на еден прозорец, и, совладано од дла­бок сон, додека Павле зборуваше многу, се помрдна во сонот и падна од третиот кат, и го дигнаа мртво. 10#Мк 5,35-43Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: „Не созда­вајте немир, зашто душата негова уште е во него!“ 11А потоа, откако се качи горе, пре­крши леб, го проба и зборуваше долго, дури до зори, а потоа отпатува. 12Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши.
Патувањето од Троада во Милит
13Ние отидовме порано со кораб и от­пловивме во Асос, од каде што имавме намера да го земеме Павле, зашто са­ка­ше таму да патува пеш. Така ни беше порачал. 14Кога се сретна со нас во Асос, го зе­довме во коработ и дојдовме во Ми­ти­лина. 15А кога отпловивме оттаму, на вто­ри­от ден застанавме спроти Хиос, а следниот ден стигнавме во Самос#20,15 На ова место во некои ракописи е додадено: „и, откако престојувавме во Трогилија.“, на вториот ден дојдовме во Милит. 16Во тоа време Павле реши да по­ми­не покрај Ефес, та да не се задржи мно­гу во Азија, зашто се брзаше да биде во Ерусалим на денот на Педесетница.
Павле се обраќа до старешините во Ефес
17Но од Милит прати во Ефес да ги повика црковните старешини. 18#18,19; 19,10И кога дојдоа кај него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, откако дој­дов во Азија, го минував времето со вас, 19#2 Кор 1,8; 11,24; 1 Сол 1,5служејќи Му на Господ со голема понизност и многу солзи, во ис­ку­ше­ни­ја, што ми се случуваа заради лошите замисли на Јудејците; 20дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поу­чувам на јавни места и по куќите, 21#19,10; 1 Сол 2,10.12сведочејќи им сериозно и на Ју­деј­ците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос. 22И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи на што ќе наидам таму, 23освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки. 24#26,16-18; 1 Кор 9,24-27; Фил 1,23; 3,12; 2 Тим 4,7Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и служ­ба­та што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат. 25#19,8; 28,31И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо. 26#18,6Затоа во денешниов ден ви све­до­чам дека сум чист од крвта на сите, 27#20,20бидејќи не пропуштив да ви ја со­општам во целост волјата Божја. 28#Пс 74,1-2; 1 Птр 2,9Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв. 29#Мт 7,15; Јн 10,12Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото; 30#Гал 4,17; 2 Тим 4,1-4; 1 Јн 2,19а и од вас самите ќе произлезат лу­ѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе. 31#Мк 13,35; 2 Кор 2,4; 1 Сол 2,11Затоа бидете будни и помнете дека цели три години дење и ноќе не прес­та­нував со солзи да поучувам секого од вас. 32#14,23; 15,40; Ефес 2,20-22; 1 Птр 1,5А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Тој може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите посветени. 33#18,3; 1 Сол 2,9Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека; 34сами знаете дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми по­слу­жи­ја овие мои раце. 35Со сѐ ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на не­моќ­ните, а исто така и да ги помните збо­ро­вите на Господ Исус, зашто Тој Сам ре­че: ‚Поблажено е да се дава, отколку да се прими.‘“ 36Кога го рече тоа клекна на колена и заедно со сите се молеше. 37#1 Кор 16,20Тогаш сите плачеа многу и гуш­кај­ќи го Павле околу вратот, го целиваа, 38нажалени најмногу од зборот што рече дека нема веќе да го видат лицето негово. И го испратија до коработ.

Селектирано:

Дела 20: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се