Дела 27
27
Павле е испратен во Рим
1Кога беше одлучено да отпловиме за Италија, Павле и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник, по име Јулиј, од царската чета. 2#19,29; 20,4; Фил 1,24Се качивме на една адрамитски кораб, кој требаше да плови покрај азиските места, и така отпловивме. Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун. 3#24,23; 28,16.23.30На другиот ден стигнавме во Сидон. И Јулиј, кој постапуваше со Павле човекољубиво, му дозволи да појде до пријателите свои, за да се погрижат за него. 4Кога тргнавме оттаму, пловевме во заветрината на Кипар, бидејќи ветровите дуваа спротивно, 5и, откако го препловивме морето покрај Киликија и Памфилија, стигнавме до Мира Ликиска. 6Таму стотникот најде еден александриски кораб, кој пловеше за Италија, и нѐ префрлија во него. 7И пловејќи полека многу дни, одвај стигнавме до Крит. Бидејќи ветрот нѐ спречуваше да влеземе таму, допловивме под Крит покрај Салмона. 8И, откако со мака пловевме покрај неа, стигнавме до едно место, наречено Добри Пристаништа, близу кое се наоѓаше градот Ласеја. 9Откако мина многу време и пловењето стана веќе многу поопасно, а и постот беше веќе минал, Павле ги опомена 10#2 Кор 11,25и им рече: „Гледам, луѓе, дека пловењето ќе биде мачно и со голема штета не само за товарот на коработ, туку и за животите наши.“ 11Но стотникот повеќе му веруваше на кормиларот и сопственикот на бродот отколку на зборовите Павлови. 12А бидејќи пристаништето не беше погодно за презимување, многумина изјавија дека сакаат оттаму да отпловат, ако е можно, до Феникс, критското пристаниште, кое се наоѓа спроти југозападниот и северозападниот ветар, и таму да презимуваат.
Бура во морето
13А кога дувна југот, тие помислија дека можат да ја остварат својата цел, ја кренаа котвата и запловија покрај Крит. 14Но наскоро против нив се дигна бурниот ветар, наречен Евракилон#27,14 Североисточник. 15И штом го зграби коработ, бидејќи не можеше да му се противстави на ветрот, ние им се препуштивме на брановите да нѐ носат. 16Минувајќи покрај едно островче, кое се вика Кавда, одвај можевме да го задржиме коработ. 17Кога го извлекоа, употребија секакви средства и го врзаа коработ одоздола; бидејќи се плашеа да не се насукаат на Сиртите, ги спуштија едрата и така бевме носени од струјата. 18На другиот ден, бидејќи бевме силно фрлани од бурата, почнаа да го исфрлуваат товарот, 19#Јона 1,5а на третиот ден сами со рацете свои ја исфрлаа опремата на коработ. 20Но, бидејќи во текот на многу дни не се појави ни сонце, ни ѕвезда, а беснееше и прилично голема бура, понатаму исчезнуваше секаква надеж дека ќе се спасиме. 21И бидејќи веќе долго време не беа јадени, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избегневме овие маки и штети. 22А сега ви советувам да бидете бодри, зашто ниедна душа од вас нема да загине, освен коработ. 23Бидејќи ноќеска ми се јави ангелот од Бога, Чиј сум и Кому Му служам, 24#18,9и рече: ‚Не плаши се, Павле, ти треба да излезеш пред царот; и ете, Господ ти ги дарува сите, што пловат со тебе.‘ 25Затоа, браќа, не плашете се, зашто Му верувам на Бога дека ќе се случи така, како што ми беше речено. 26Но, треба да бидеме исфрлени на еден остров.“ 27Беше веќе четиринаесетта ноќ, откако бевме носени наваму-натаму по Јадранското Море, кога кон полноќ морнарите насетија дека се приближуваат до некакво копно, 28и, кога ја измерија длабочината, открија дека изнесува дваесет фати; па отидоа малку потаму, измерија пак и најдоа петнаесет фати. 29И бидејќи се плашеа да не удрат на карпести места, од страната на кормилото спуштија четири котви, па чекаа да осамне. 30А кога морнарите намислија да побегнат од коработ, и спуштија чун во морето како да ќе спуштаат котви од предната страна, 31Павле му рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на коработ, вие не можете да се спасите.“ 32Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на чунот и го оставија да падне долу. 33И пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е четиринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо. 34#Мт 10,30Затоа, ве молам, каснете: тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“ 35Штом го рече тоа, зеде леб, Му благодари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде. 36Тогаш се ободрија сите и зедоа храна; 37а во коработ нѐ имаше вкупно двесте седумдесет и шест души. 38И кога се поткрепија, почнаа да го олеснуваат коработ, исфрлувајќи го житото в море.
Бродолом
39Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песок, на кој решија, ако им појде од рака, да го извлечат коработ. 40И дигајќи ги котвите, се заплови по морето; а покрај другото ги разлабавија и врските на кормилата, го развија малото едро спрема ветрецот што дуваше, та пловеа кон брегот. 41Но удирајќи на еден гребен, прамецот на коработ се заби и веќе не се помрдна, а задниот дел од коработ се разбиваше од силата на брановите. 42#12,19; 16,27Војниците, пак, помислија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне. 43Но стотникот, сакајќи да го спаси Павле, ги одврати од таа намера и заповеда најнапред да скокнат и да излезат на земја оние, што знаат да пливаат, 44а другите – кој на штица, кој на штогоде од коработ. И така излегоа сите живи и здрави на земја.
Селектирано:
Дела 27: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006