И бидејќи веќе долго време не беа јадени, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избегневме овие маки и штети. А сега ви советувам да бидете бодри, зашто ниедна душа од вас нема да загине, освен коработ. Бидејќи ноќеска ми се јави ангелот од Бога, Чиј сум и Кому Му служам, и рече: ‚Не плаши се, Павле, ти треба да излезеш пред царот; и ете, Господ ти ги дарува сите, што пловат со тебе.‘ Затоа, браќа, не плашете се, зашто Му верувам на Бога дека ќе се случи така, како што ми беше речено. Но, треба да бидеме исфрлени на еден остров.“
Прочитај Дела 27
Слушај Дела 27
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 27:21-26
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа