Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 28

28
Павле на островот Мелит
1 # 27,26-27 И тогаш, откако се спасивме, дознавме дека островот се вика Мелит#28,1 Малта. 2А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, би­дејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган. 3А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака. 4Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“ 5#Мк 16,18Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана. 6#14,11А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, би­дејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го проме­нија мислењето и велеа дека е тој бог. 7#16,15; 28,14Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поп­лиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше. 8#Лк 4,38; Јк 5,14А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се по­моли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели. 9#5,15-16; 8,7Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа. 10Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред заминување нѐ снабдија со сите потребни рабо­ти.
Павле пристигнува во Рим
11По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на тој остров и носеше знак Диос­ку­ри. 12И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена. 13Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли; 14#20,6; 21,4таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим. 15Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги ви­де Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри. 16#24,23; 28,30Штом стигнавме во Рим#28,16 Во некои ракописи на ова место е додадено: стотникот му ги предаде затворениците на војводата., на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.
Павле проповеда во Рим
17 # 21,33; 22,24; 25,8 По три дни Павле ги повика првен­ците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не на­правив ништо против народот или тат­ковските обичаи, од Ерусалим ме пре­дадоа окован во рацете на Римјаните. 18#26,32И, откако ме судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт; 19#25,11-12.21-25но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред царот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ. 20Поради тоа и ве повикав да се ви­ди­ме и да позборуваме; зашто заради на­дежта на Израел сум окован во овие ланци.“ 21А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ни­ту, некој од браќата дошол да нѐ из­вести или нешто лошо да каже за тебе. 22Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“ 23#20,25; 28,31И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Проро­ци­­те. 24#17,2.11Едни се убедија од зборовите него­ви, а други не поверуваа. 25#23,7; Лк 24,27.44Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на тат­ковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи: 26#Ис 6,9-10; Мт 13,14-15‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите, 27зашто срцето на овие луѓе закораве­ло, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се об­ра­тат, за да ги исцелам.‘ 28#13,46; 18,6И така, нека ви биде познато дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците, тие и ќе чујат.“ 29Кога го рече тоа, Јудејците се ра­зо­тидоа со голема препирка меѓу себе. 30#28,23Павле остана таму цели две години во посебно најмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него, 31#19,8; 20,25; 28,23проповедајќи го царството Божјо и учејќи за Господ Исус Христос наполно слободно, и никој во тоа не го спречу­ва­ше.

Селектирано:

Дела 28: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се