Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 1

1
Поздрав
1 # Дела 16,1; Рим 1,1; 1 Кор 1,1-2; Ефес 1,1-2 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј, 2#Дела 9,13; Рим 1,7до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Гос­под Христос!
Благодарност за Евангелието
3 # 1,12; Рим 1,8-9; Ефес 1,15-16; 5,4.20; 1 Сол 1,2; Фил 1,4-5 Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас, 4бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, ко­ја ја имате кон сите светии, 5#1 Кор 13,13; Ефес 1,13; Евр 6,19; 1 Птр 1,3-4поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле од словото на вистината – Еванге­ли­ето, 6#Мт 28,19-20; Мк 4,8; 13,10; Дела 14,3; 20,24.32; 1 Тим 3,16кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината; 7#4,12; Фил 1,23#4,12; Фил 1,23како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е ве­рен служител Христов заради вас, 8#1 Кор 13,1#1 Кор 13,1и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.
Молитва за Црквата
9 # 3,10; Лк 12,47; Ефес 1,15-17; Фил 1,9 Затоа и ние, од оној ден кога го чув­ме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање, 10#Ефес 2,10; 4,1; Фил 1,27; 1 Сол 2,12та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога, 11#Ефес 1,19; 3,16; 6,10укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост, 12#5 Мојс 33,3-4; Ис.Н. 14,1-5; Дела 20,32; 26,18; Рим 1,7; Ефес 1,11-13; 1 Птр 1,4; 2,9благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината, 13#2 Мојс 14,30; Мт 3,17; Лк 22,53; Јн 8,12; Дела 26,17-18; Ефес 1,6; 2,2; 5,8нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син, 14#Рим 3,24; Ефес 1,7во Кого имаме откуп#1,14Во некои ракописи на ова место е додадено: „Преку крвта Негова“.; и простува­ње на гревовите.
Личноста и Христовото дело
15 # 1,18; 1 Мојс 1,26; Изреки 8,22-36; Јн 1,1-18; 2 Кор 4,4; Фил 2,6-11; 1 Тим 3,16; Евр 1,3; Откр 3,14 Тој е слика на невидливиот Бог, пр­вороден пред секое создание; 16#2,8.10; Јн 1,3; Рим 8,38-39; 1 Кор 8,6; Ефес 1,21; 3,10; 6,12бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено. 17#Изреки 8,22-31; Јн 1,1; 3,31; 8,58Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои. 18#Дела 26,23; Рим 8,29; 1 Кор 12,12-27; 15,20; Ефес 1,22-23; 5,23; Евр 1,6; Откр 1,5; 3,14И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ. 19#2,9; Ефес 1,23Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота, 20#1,16-17; Ефес 1,7.10; 2,13.16и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст. 21#Рим 5,10; Ефес 2,12; 4,18И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела, 22#1,28; Јн 1,14; Рим 7,4; 2 Кор 11,2; Ефес 1,4; 2,14-16; 5,27сега ве примири во телото на Не­го­вото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непороч­ни и без вина, 23#1,5-6; Мк 16,15; 1 Кор 5,5-8; Евр 3,14само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бес­но создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
Павловата дејност како слуга на Црквата
24 # 2,1; Дела 9,16; 2 Кор 4,10-12; 11,23; 2 Тим 2,10 Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата. 25#Ис 42,1-4; Мк 13,9-10; Дела 20,24; Ефес 3,2Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо, 26#Ефес 3,3; 5,9тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии, 27#Дела 13,47; Рим 5,2; 8,19-21; Ефес 1,18на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас. 28#1 Кор 2,6; Ефес 4,13Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос; 29#Ефес 3,7; Фил 4,13затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.

Селектирано:

Колосјаните 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се