Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 3

3
Тројца луѓе во вжарена печка
1 # Ис 46,6; Ер 16,20; Авак 2,19 Царот Навуходоносор направи златен идол, висок шеесет лакти, шест лакти широк, и го постави во полето Дура, во областа вавилонска. 2И нареди царот Навуходоносор да се соберат сите локални управители, на­месници, војводи, врховни судии, ризни­чари, законодавци, судии и сите обласни управители да дојдат на свеченото от­кривање на идолот што го беше поста­вил царот Навуходоносор. 3И се собраа локалните управители, намесниците, воените началници, вр­ховните судии, ризничарите, правници­те, судиите и сите обласни управители за откривање на идолот кој царот Наву­хо­доносор го беше поставил, и застанаа пред идолот што го беше подигнал На­вуходоносор. 4#5,19; 6,26; 7,14; Ис 66,18; Откр 5,9Тогаш гласникот високо извика: „Ви се објавува вам народи, племиња и јазици – 5#Откр 13,12штом ќе го чуете звукот на трубата, од свирката, од цитрата, од харфата и од пеењето, како и од секакви свирки, паднете ничкум и поклонете му се на златниот идол што го постави царот Навуходоносор; 6#2 Мојс 20,3-5а оној што нема да падне на колена и не се поклони, веднаш ќе биде фрлен во вжарена печка.“ 7Затоа, кога го чуја звукот од трубата, од свирката, од харфата и од другите свирки, паднаа на колена сите народи, племиња и јазици и му се поклонија на златниот идол што го беше поставил царот Навуходоносор. 8#2,10Во тоа исто време дојдоа некои од Халдејците и ги наклеветија Јудејците. 9Тие му рекоа на царот Навухо­доносор: „Царе, жив да си довека! 10#6,13Ти царе, даде заповед секој човек што ќе го чуе гласот од трубата, свир­ката, цитрата, харфата и од сите свирки да падне на колена и да му се поклони на златниот идол; 11а оној што нема да падне и нема да му се поклони, тој треба да биде фрлен во вжарена печка. 12#2,49; 6,14Но има луѓе Јудејци што си ги поставил над работите на земјата ва­вилонска – Седрах, Мисах и Авденаго; тие луѓе не се покорија на твојата запо­вед, царе, на твоите богови не им слу­жат и на златниот идол што го постави не му се поклонија.“ 13#2,12Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго; и ги доведоа тие луѓе пред царот. 14Навуходоносор им рече: „Вие, Сед­рах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте? 15#2 Цар 18,34-35Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?“ 16#1,7Одговорија Седрах, Мисах и Авде­наго и му рекоа на царот Навуходо­носор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа. 17#5 Мојс 4,20; Ис 43,2Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нѐ спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нѐ избави. 18#2 Мојс 20,3-5Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се поклониме.“ 19#3 Мојс 26,18Тогаш царот Навуходоносор се ис­полни со јарост и лицето негово се на­мурти против Седрах, Мисах и Авдена­го, па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа; 20и им заповеда на најсилните луѓе од војската своја да ги врзат Седрах, Мисах и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка. 21Тогаш тие луѓе беа врзани обле­чени во своите облеки, со капи на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше. 22Бидејќи царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви луѓето што ги фрлија Седрах, Мисах и Авденаго. 23А тројцата – Седрах, Мисах и Авде­наго – паднаа во вжарената печка врзани. 24Одеднаш, царот Навуходоносор се стаписа, се крена на нозе и им рече на големците свои: „Нели беа тројца врзани што ги фрливме во огнот?“ Тие му одговорија на царот: „Навистина та­ка беше, царе!“ 25На тоа тој рече: „Еве јас гледам четворица, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и четвртиот личи на ангел.“ 26#5,18.21; 1 Мојс 14,18; Пс 47,2Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: „Седраху, Мисаху и Авде­наго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете.“ Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот, 27#Ис 43,2; Пс 91,3-5; Евр; 11,33-34и штом се собраа локалните упра­вители, намесниците, воените началници и советниците на царот, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им беа изгорени, па дури и мирис на изгорено немаше на нив. 28#5 Мојс 31,20; Пс 26,1; 34,7; 84,12; 97,10; Јов 13,15; Дела 5,19Тогаш Навуходоносор рече: „Нека е благословен Бог на Седрах, Мисах и Авденаго, Кој го испрати Својот ангел и ги избави слугите Свои што се надеваа на Него и не ја послушаа царската заповед, па ги предадоа телата свои на огнот за да не служат и да не се поклонат на друг бог, освен на својот Бог! 29#6,26-27; Езд 6,11И еве, јас давам заповед, ако некој од народите, племињата и јазиците изговори хула против Бога на Седрах, Мисах и Авденаго, да се исече на пар­чиња и куќата да му се претвори во урнатини, зашто нема друг Бог, Кој може така да избавува.“ 30#2,49Тогаш царот ги возвиси Седрах, Мисах и Авденаго во земјата вавилон­ска.
Навуходоносор го објавува својот втор сон
31 # 3,4 „Царот Навуходоносор до сите на­роди, племиња и јазици што живеат на земјата – мирот да ви се умножи! 32#3,26; Пс 74,8Угодно ми е да ве известам за знаците и чудесата кои Севишниот Бог ги изврши над мене. 33#6,27; Пс 105,27Колку се големи знаците Негови и колку се силни чудесата Негови! Цар­ството Негово е царство вечно, и владеењето Негово – од род во род.“

Селектирано:

Даниел 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се