Проповедник 12
12
1И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови, додека не настанале години, за кои ќе речеш: „Не ми се мили“; 2додека сонцето и светлината на месечината и на ѕвездите не потемнеле, и не дошле нови облаци по дождот; 3додека не настапил оној ден, кога куќните стражари ќе затреперат, и силните мажи ќе се подгрбават, кога воденичките ќе престанат да мелат, бидејќи останале малку; кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорец; 4кога портата ќе почне да се затвора; кога ќе замолкне шумот на рачните мелници, и кога човек ќе почне да станува на птичји глас, и ќерките – пејачки ќе сопрат да пеат; 5кога висините за нив ќе бидат страшни, и по патот ќе има ужаси; кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежок, и желбата ќе помине; зашто човекот заминува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкружуваат по улица; 6додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот. 7#3,20И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал. 8#1,2Суета над суетите, вели проповедникот, сѐ е суета!
Заклучок
9Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на мудрост. Тој сѐ испитуваше, изучуваше и остави многу мудри изреки. 10Проповедникот се трудеше да најде убави мисли и точно ги запиша зборовите на вистината. 11Зборовите на мудреците се како остени; како забиени клинци се нивните зборови, дадени од единствениот Пастир. 12А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги – тоа нема крај, а да читаш многу – и тоа е заморно за телото. 13А суштината на сѐ е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди, зашто тоа му е сета должност на човекот; 14#3,17зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо.
Селектирано:
Проповедник 12: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: