Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара зборови пред Господ; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборовите твои да не бидат многу. Зашто, како што соништата доаѓаат при многу грижи, така и гласот на глупавиот се познава од многуте зборови. Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Тој не ги сака безумните: она што си го ветил, изврши го. Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш. Не ѝ дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не зборувај пред ангелот Божји: „Тоа е грешка!“ Зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре делото на рацете твои? Зашто, како во многуте соништа, така и во многуте зборови има суета; но ти имај страв од Бога. Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот и правдата, не чуди се на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив – уште повисок
Прочитај Проповедник 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 5:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа