Ефесјаните 3
3
Дејноста на Павле меѓу нејудејците
1 #
4,1; Фил 1,7.13; Кол 4,18 Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исус Христос за вас незнабошците. 2#Кол 1,25-26Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас, 3#1,9-10односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и погоре ви напишав накратко. 4#Рим 9–11#Кол 1,26Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христос, 5#2,20; Јн 14,26која, на синовите човечки од поранешните поколенија не им беше објавена како што сега се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Светиот Дух, 6#2,11.13.18-19за да бидат и незнабошците сонаследници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието, 7#Кол 1,23-25на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила. 8#1 Кор 15,9-10; Гал 1,16; 1 Тим 1,15Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го проповедам на незнабошците неискажливото богатство Христово, 9#Кол 1,26и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос, 10#1 Кор 2,7-9; 1 Птр 1,12та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни, 11#1,4.11според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Господ, 12#2,18; Евр 4,16во Кого, преку верата во Него, имаме слобода да се доближуваме со доверба. 13#Кол 1,24Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.
Христовата љубов
14 #
1,17-18
Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос, 15од Кого се именува секој род на небесата и на земјата, 16#Рим 7,22да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, 17#Јн 14,23; Рим 8,11; Кол 1,23; 2,7и преку верата Христос да се всели во срцата ваши, 18#Кол 2,2та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е длабочина и височина, 19#1 Кор 13; Гал 4,9и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја. 20#Јуда 1,24-25А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ што ќе побараме или помислиме, 21#Рим 16,24Нему нека е слава во Црквата преку Исус Христос во сите родови и за сите векови. Амин!
Селектирано:
Ефесјаните 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: