Ефесјаните Вовед
Вовед
Во средината на првиот век по Хр. бројот на христијанските цркви во Мала Азија (денешна Турција), видно се зголемил. Меѓу бројните тамошни христијански заедници кои биле меѓусебно поврзани, се чини дека онаа од Ефес имала извесен престиж. Апостол Павле таму поминал три години во текот на неговото трето мисионерско патување (Дела 19,1–20,1).
Според Ефес 3,1 и 4,1, апостолот се наоѓал во затвор кога го пишувал Посланието до Ефесјаните. Токму затоа ова послание се вбројува меѓу таканаречените „Посланија од заробеништво“, заедно со оние до Филипјаните, до Филимон и до Колосјаните.
Ширината на неговата поука наведува повеќе на помислата дека писмото било упатено до еден многу поширок круг на читатели, одошто до една посебна локална заедница. Централна тема е вечниот Божји план, чија цел е „да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Господ Исус Христос“ (1,10).
Пораката на посланието, сместена меѓу краткиот вовед (1,1-2) и краткиот заклучок (6,21-24), може да се подели на два поважни дела:
Во првиот (1,3–3,21), откако го искажува восхитот од она што Бог го направил за сите преку Исус Христос, писателот ја развива темата за единството, покажувајќи како Бог ги соединил нејудејците и Јудејците во еден единствен народ, Негов народ.
Во вториот дел (4,1–6,20), апостолот ги повикува своите читатели да живеат во тоа единство на начин достоен за нивниот нов живот, во хармонија со Исус Христос. Тоа ги искажува јасните последици по нивните меѓусебни односи во христијанската заедница, во семејството и во општеството.
Апостолот илустративно го прикажува единството на Божјиот народ, служејќи се со три слики: (1) за телото – Црквата, чија глава е Исус; (2) со зградата, чиј камен темелник е Исус Христос и (3) со брачната двојка, при што Црквата е Христовата невеста. Така, може да се согледа дека не е можно единство без целосна и постојана приврзаност, односно преданост на верниците кон нивниот Господ.
Селектирано:
Ефесјаните Вовед: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: