Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 1

1
Израелците – робови во Египет
1 # 1 Мојс 46,8-27 А овие се имињата на синовите Изра­елови, кои дојдоа во Египет со Ја­ков; секој со своето семејство дојде. 2Рувим, Симеон, Левиј и Јуда, 3Исахар, Завулон и Венијамин, 4#1 Мојс 35,25-26Дан и Нефталим, Гад и Асир. 5#1 Мојс 46,26; 5 Мојс 10,22И сите, кои произлегоа од Јаков, беа седумдесет души, а Јосиф, пак, беше во Египет. 6#1 Мојс 50,26; Дела 7,15Потоа умре Јосиф и сите браќа негови, и сиот нивни род; 7#1,9; 1 Мојс 12,2; 5 Мојс 7,13; 26,5; Пс 105,24-25; Дела; 7,17-19; 13,17а синовите израелски се народија и се намножија, станаа многу, и се заси­лија многу, така што земјата се наполни со нив. 8Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосиф, 9#1,7; 1 Мојс 26,16и му рече на својот народ: „Еве, на­родот на синовите израелски е мно­гу­бро­ен и посилен од нас. 10#Пс 71,10; 83,3; 105,24-25; Дела; 7,17-19Па ајде да ги надмудриме за да не се размножуваат; и, ако настане војна, да не се здружат со непријателите наши и да удрат на нас, па да си отидат од нашата земја.“ 11#2,11; 1 Мојс 15,13; 47,11И поставија над нив надзорници над работите за да ги мачат со тешка работа. И тие му ги изградија на фараонот Питом и Рамзес, градови – складишта. 12Но, колку повеќе ги мачеа, толку повеќе се множеа и се засилуваа така што Египќаните започнаа да се плашат од синовите на Израел. 13#5 Мојс 26,6Затоа Египќаните ги угнетуваа синовите на Израел со жестокост, 14#5 Мојс 26,6; Ис 14,3и им го загорчуваа животот со теш­ки работи со кал и со правење тули, и со разни полски работи, и со секаква друга работа, ги измачуваа немилосрдно.
Фараонот ги прогонува Израелците
15Освен тоа, царот египетски им за­поведа на еврејските бабици, од кои на едната ѝ беше името Шифра, а на другата Пуа; 16#1,22и им рече: „Кога ќе бабувате кај Еврејките, и при породувањето, ако видите дека е машко, убијте го, а ако биде женско, нека живее!“ 17#1,21; 1 Сам 22,17; Изреки 16,6; Дан 3,16-18; Дела 5,29Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда еги­петскиот цар, туку ги оставаа машките деца живи. 18А египетскиот цар ги повика ба­биците и им рече: „Зошто правите така и ги оставате машките деца во живот?“ 19А бабиците му одговорија на фа­раонот: „Еврејките не се како еги­пет­ските жени: зашто тие се јаки и пред да дојде бабицата, веќе родиле.“ 20#1,17; 1 Сам 2,35; 2 Сам 7,11.27-29; 1 Цар 11,38Бог беше добар кон бабиците и народот се множеше и многу се засилуваше. 21И бидејќи бабиците се плашеа од Бога, Бог ги умножи нивните семејства. 22#1,16; Дела 7,19Тогаш фараонот му заповеда на целиот свој народ, велејќи: „Секое маш­ко кое ќе се роди кај Евреите, фрлајте го в река: само женските деца оставајте ги во живот.“

Селектирано:

Излез 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се