Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 22

22
1 # Ос 7,1; Јов 24,16 „Ако се фати крадец, како пробива ѕид и го удрат така, што тој умре, тоа не се смета за убиство. 2#Мт 18,25Но, ако сонцето веќе се појавило над него, тогаш да се бара крвнина. А крадецот штетата мора да ја надомести. А, ако нема ништо, тогаш тој да биде продаден и да се надомести украденото. 3#1 Сам 12,5Ако кај фатениот се најде она, што го украл, живо, било вол, магаре или овца, да го врати двојно.
Престапи против сопственоста
4Ако некој уништи нива, или лозје, пуштајќи го добитокот свој да пасе во туѓа нива, да надомести со најдоброто од својата нива и најдоброто од своето лозје. 5#Суд 9,15Ако се појави оган, па тој го зафати трњето, и се запалат снопјето, или ож­ниеното, или нивата, оној, кој го предизвикал пожарот, да плати. 6#3 Мојс 5,20-26Кога некој му даде на ближниот свој сребро или предмети на чување, и тие бидат украдени од неговиот дом, крадецот, ако се фати, нека плати двојно; 7ако, пак, крадецот не се фати, тогаш сопственикот на куќата нека се јави пред Бога, па нека се заколне дека тој не посегнал врз имотот на својот бли­жен. 8#5 Мојс 25,1За секој спорен предмет: за вол, ма­гаре, овца, облека, за секој изгубен предмет, за кој некој тврди дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бога: па кого ќе го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно. 9Ако некој му даде на чување на ближниот свој магаре, или вол, или овца, или некој друг добиток, и тој добиток пцовиса, или се повреди, или, пак, биде откраднат, а никој тоа не го види, 10#3 Мојс 5,22; 1 Цар 8,31; 2 Лет 6,22; Евр 6,16тогаш меѓу нив нека одлучи клетвата пред Господ дека оној не посегнал врз имотот на својот ближен, и ако сопственикот така го прими, не се надоместува; 11ако, пак, му биде украден, тогаш нека му плати на сопственикот негов. 12#1 Мојс 31,39А ако е изеден од ѕверка, да донесе доказ за тоа и да не плаќа ништо. 13Ако некој од ближниот свој добие на услуга добиток, па тој биде повреден или пцовиса, а сопственикот не бил со него, ќе мора да се плати; 14но, ако сопственикот бил со него, да не се плаќа. Ако, пак, бил земен под наем, да се плати само наемот.
Разни морални и религиозни закони
15 # 1 Мојс 34,12; 5 Мојс 22,28-29; Ос 2,16 Кој измамил несвршена девојка, и биде со неа, да ја дарува и да ја земе за жена; 16а ако таткото нејзин одбие да му ја даде, да одмери сребро на татко ѝ колку што следува за мираз на девојката. 17#3 Мојс 19,26.31; 20,27; 5 Мојс 18,9-12; 1 Сам 28,3; 2 Лет 33,6Вражарка да не оставате жива. 18#3 Мојс 18,23; 20,15-16; 5 Мојс 27,21Кој ќе легне со добиток, со смрт да се казни. 19#20,3; 34,15; 3 Мојс 17,7; 4 Мојс 25,2; 5 Мојс 17,2-5; 18,20; 32,17; 1 Цар 18,40Кој принесува жртва на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби. 20#23,9; 3 Мојс 19,33; 5 Мојс 10,19; 24,17-18; Ер 22,3; Ез 22,7; Зах 7,10; Мал 3,5; Пс 146,9Доселеник немој да притеснуваш, ниту да го угнетуваш, зашто и вие бевте доселеници во земјата египетска. 21#5 Мојс 10,18; 24,17; Ис 1,17; Ер 7,5.6; 22,3; Ез 18,5-9.12; Зах 7,9-10; Мал 3,5; Пс 68,5; 146,9; Јов 22,6.9; 24,3.21; Јк 1,27Не притеснувајте, ни вдовици, ни сираци; 22#5 Мојс 10,18; 15,9; 24,15; Пс 10,14.17; 12,6; 18,7; 34,16; Јов 34,28; 35,9; Лк 18,7; Јк 5,4ако ги притесниш и тие повикаат кон Мене, ќе го чујам нивниот лелек, 23#Пс 109,9; Плач 5,3и ќе се распали гневот Мој, па со меч ќе ве убијам, и вашите жени ќе останат вдовици, а вашите деца – си­раци. 24#3 Мојс 25,35-37; 5 Мојс 15,7-11; 23,20-21; Ез 18,8; Пс 15,5; Неем 5,7.10Кога на заем ќе дадеш пари на некој сиромашен од народот Мој, не присилувај го и не наложувај му лихва. 25#5 Мојс 24,10-13; Амос 2,8Ако ја земеш во залог облеката од ближниот твој, врати му ја до зајди­сонце; 26#34,6; 5 Мојс 4,31; 24,13.17; Ез 18,12.16; Јоил 2,13; Јона 4,2; Пс 99,8; 103,8; 116,5; 145,8; Јов 24,7; 31,19-20; Неем 9,17; 2 Лет 30,9бидејќи таа му е единствена покривка, облека што го чува телото негово: со што ќе спие тој? И кога ќе повика кон Мене, Јас ќе го чујам, бидејќи сум милостив. 27#20,7; 2 Сам 16,6.9; 1 Цар 21,10; Пс 102,8; Проп 10,20; Мт 26,65; Мк 14,64; Дела 23,5Не проколнувај Го Господа, ни за старешината на твојот народ не зборувај лошо. 28#13,2.11-15; 23,19; 34,20.26; 3 Мојс 23,10; 4 Мојс 8,16.17; 18,13; 5 Мојс 15,19; 18,4; 26,1-4.10; Мал 3,10; Изреки 3,9; Лк 2,23Не воздржувај се да ги принесеш првите плодови од жетвата и лозјето; давај Ми го првородениот од синовите твои. 29#34,19; 3 Мојс 22,27; 5 Мојс 15,19Така прави, и со крупниот, и со ситниот твој добиток; седум дена нека бидат кај својата мајка, а во осмиот ден дај Ми ги Мене. 30#19,6; 3 Мојс 7,24; 11,44; 17,15; 19,2; 22,8; 5 Мојс 14,21; Ез 4,14; 44,31И ќе Ми бидете свет народ. Затоа и месо од растргнато животно да не јадете; фрлај им го на кучињата.“

Селектирано:

Излез 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се