Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 26

26
Скинијата
1 # 4 Мојс 4,25-32; 2 Сам 7,2; Евр 9,1-5; 9,11-24 „Направи и скинија од десет платништа: од пресукан лен, од сина, црвена и светлоцрвена волна; врз нив да направиш и херувими – уметничка изработка. 2Должината на секое платниште нека е дваесет и осум лакти, додека ширината на секое платниште – четири лакти; таа мерка да биде за сите платништа. 3Петте платништа нека се поврзани едно со друго, а и петте други платништа нека се поврзани едно со друго. 4И направи сини котелци по работ на првото платниште, од едната страна за соединување; така направи и по работ на последното платниште: каде што ќе се соединуваат двете половини; 5педесет котелци направи на едно платниште, и педесет котелци направи по работ на другото платниште, каде што ќе се соединуваат со следното; да бидат еден спроти друг. 6Направи и педесет кукички од злато и со кукичките соедини го едното платниште со другото; и така скинијата ќе претставува една целина. 7Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи. 8Едното платниште да е долго три­есет лакти, а широко – четири лакти; таа мерка да биде за сите единаесет платништа. 9И соедини ги петте платништа одделно, и шестте платништа одделно; шестото платниште откај влезот во скинијата свиткај го на две. 10Направи и педесет котелци по работ од едното крајно платниште, и педесет котелци по работ од второто крајно платниште, каде што ќе се сое­динуваат. 11И направи педесет кукички од бакар и состави ги кукичките со котелците, па соедини ги платништата, за да бидат една целина. 12А остатокот од платништата на скинијата превиткај го, нека биде таа половина спуштена над скинијата од задната страна; 13остатокот, пак, од должината на платништата на скинијата – лакот од едната страна и лакот од другата страна – нека бидат спуштени од страните на скинијата – од едната и од другата страна, за да ја покриваат. 14#4 Мојс 3,25; 4,25И направи покрив над скинијата од овнешки кожи, црвено обоени, како и покрив од сини кожи – одозгора. 15Направи и штици за скинијата од дрвото шитим што ќе стојат исправени; 16десет лакти нека биде долга една штица, а лакот и пол широка секоја штица; 17на секоја штица нека има по два клина – еден спроти друг; така направи на секоја штица за скинијата. 18Така направи штици за скинијата: дваесет штици од страната откај Негев што е на југ, 19#38,27а под дваесетте штици направи четириесет подножја од сребро: две подножја на една штица за обата клина нејзини, и две подножја под другата штица за обата клина нејзини; 20и дваесет штици за другата страна на скинијата, од север, 21со четириесет подножја сребрени: две подножја под едната штица и две подножја под другата штица. 22А од задната страна на скинијата – што е откај запад, направи шест штици. 23И направи две штици за аглите на скинијата од задната страна; 24тие да бидат одоздола и одозгора поврзани со алка; така нека биде со двете; тие нека бидат за обата агла; 25и така ќе има осум штици со шес­наесет подножја сребрени: по две под­ножја под една штица, и по две подножја под друга штица – за обата клина нејзини. 26Понатаму направи напречници од дрвото шитим, пет за штиците од едната страна на скинијата, 27и пет напречници за штиците од другата страна на скинијата, и пет на­пречници за штиците од задната страна на скинијата, што е кон запад; 28а внатрешниот напречник да минува преку средината на штиците, од едниот крај до другиот. 29Штиците опкови ги со злато, а и алките за напречниците направи ги од злато; напречниците исто така, опкови ги со злато. 30#25,9Така ќе ја направиш скинијата спо­ред образецот, што ти беше покажан на планината. 31#3 Мојс 16; 2 Лет 3,14; Мт 27,51; Лк 23,45; Евр 6,19; 10,20И направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен; и на неа нека има уметнички извезени херувими. 32И закачи ја на четири столба од шитим, опковани со злато, со златни кукички, а нивните подножја – сребрени. 33#40,3.21; 3 Мојс 16,2; 1 Цар 8,6; Евр 9,2-3Потоа обеси ја завесата на ку­кич­ките, и внеси го таму зад завесата ков­чегот на заветот; и завесата ќе го од­делува светилиштето од Светињата над светињите. 34#25,21; 3 Мојс 16,2; Евр 9,5И со капакот – чистилиште покриј го ковчегот на заветот во Светињата над светињите. 35#25,23; Евр 9,2Намести и трпеза пред завесата и светилник спрема трпезата, од јужната страна на скинијата, а трпезата постави ја на северната страна. 36#40,5.28И направи завеса за влезот во скинијата од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен – везена работа. 37За таа завеса ќе направиш пет столбови од шитим, опковани со злато и со златни кукички; па ќе им излиеш за нив и пет подножја од бронза.“

Селектирано:

Излез 26: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се